Здраво дечки,
еве уште еден пример на "добар" плац или продавач кај нас, да го имате во предвид, ако некој купува возило по плацови или приватни продавачи.
Се работи за ова возило од огласот :
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5623976Близок роднина лани летото имаше проблем со климата на колата, проблемот му го средуваа неколку месеци, поради потреба од возило, во меѓувреме си купи друго, ова го среди и го стави на оглас, со најниска цена што ги имаше на огласите за слични возила, за да го продаде што побрзо. На огласот стоеше неколку месеци, скоро никој не се јавуваше, и при крајот на Јануари му се јави заинтересиран купувач од Скопје, сакам да ја видам. ОК, ја виде, ја бендиса, ги собирало трите деца што ги донел со него при купувањето, побарал заради децата уште малце попуст, го добил и продажбата е завршена, купувачот задоволен, продавачот скоро, важно помогнал на многудетно семејство. Потоа праќање на слики на продавачот со децата во колата, дека многу ја засакале, жена му се заљубила во неа и слични патетики. До тука се нормално.
Кога за 2 дена, оп, колата на оглас. И ова се би било во ред, за 2 дена заљубио/одљубио и то је то, освен тоа што купувачот бил волшебник, и тоа од најдобрите, успеал колата да ја подмлади (што би рекол еден мој колега, ја направил "јунгферица"), од 270000 км, станала 169000 "реални", успеал да се врати во времето и пред 20000 км да и смени ланец, сет ламела, потисна плоча и замаец (сè ново), ја исполирал, зачистил, и ставил нова цена, нормално многу повисока и сега некој што ќе ја купи, ќе живее во сон дека вози кола со 169000 км, а плaтил стара извозена кола, за цена неколку илјади евра поефтина од нова Корола

.
На форумот сум долго, но првпат пишувам, а ме предизвика читајќи претходно какви преваранти има кај нас. Мал допринос за разоткривање на ваквите и нека е предупредување за потенцијални купувачи од овој Кристијан, гледам по сликите има и detailing работиница Mr. Polish.