Постои една стара поговорка дека во куче, гола жена и половно возило човек никогаш не може да има целосна доверба. Ова особено важи за увезените автомобили. Често сугерирам на многуте неправилности кај нив и апелирам да ги отворите очите пред да биде предоцна. Жално е, но оштетените купувачи не се ни први, ни последни речиси сите сме биле измамени барем еднаш во животот.
Бидејќи нема секој пари за ново возило, кога веќе се избира половно, подобро е да се купи од познат човек. Иако тоа не е 100% гаранција, сепак влева поголема надеж дека возилото е одржувано. Да бидеме реални, кај автомобил стар 5 или повеќе години, мора да се појави некој дефект. Проблемот е што кај нас често завршуваат возила од Италија или Франција кои се купени на лицитации со јасно наведени каросериски или механички фалинки. Нашите трговци ги купуваат евтино бидејќи во Европа не се исплати да се поправаат, а кај нас се продаваат како 'нови' тука ги посредат и ајде на продажба ново *** **** **** unikat И слично.Да било добро тоа возило и таму горе ке си го возат.