Автор Тема: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК  (Прочитано 185308 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6276
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #660 на: 25 Февруари 2026, 17:43:14 pm »
Еве и 2026та стигнавме, луѓе уште сакаат да бидат лажени и да купуваат кола од плац.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2353
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #661 на: 25 Февруари 2026, 20:59:11 pm »
Ама пишале сервис направен. Само за ценители. Хемиско напраена  и полирана личи ко нова. Резервна ако има и дигалка извадени и на нов оглас ќаро да го направат.

Јас лично не би купл од плац никогаш. Се знае шо се носи тука. 

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2353
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #662 на: 25 Февруари 2026, 20:59:17 pm »
Ама пишале сервис направен. Само за ценители. Хемиско напраена  и полирана личи ко нова. Резервна ако има и дигалка извадени и на нов оглас ќаро да го направат.

Јас лично не би купл од плац никогаш. Се знае шо се носи тука. 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #663 на: 25 Февруари 2026, 22:15:36 pm »
Ако сакаш да видиш што типично нечини на некој модел, одиш на плац. Тоа ти е репер 😅

До сега само со AutoWelt во фамилија сме имале позитивно искуство.


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #664 на: 26 Февруари 2026, 00:16:52 am »
MT-auto му продаваат range rover 4х4 на познаник.. Све океј на прв поглед не беше лошо возилото.. после 1 месец паѓа снег и приметува дека нешто не е океј, возилово само предна влеча функционира.. Го носи на мајстор каде му викаат дека возилото воопшто го нема задниот кардан.. Им се јавува таму им се заканува со тужба ова она а тие го прават будала како тоа нема шанси да немало кардан, возилото си било потполно функционално кога се продавало и дека слободно можи да ги тужи колку сака не биле воопшто виновни.
Ајде купува кардан, го става и треси тропа во возење.. Мењава полуосовини згобови што уште не, менува заден диференцијал ништо не се подобрува.. Сега има порачано и редуктор па не се знае дали ќе се оправи.. 4000 евра до сега има дадено..

Доста од плацевиве и препродавачи им викаат дека имаат документи до регистрација, многу често се случува да фали хомологација која кошта околу 100 евра, згора на тоа се чека уште 10-15 дена.. Не дека е нешто страшно али зошто да те лаже?

Пред некое време бев да гледам возило од приватен продавач кое што имаше околу 300.000км на таблата... После 1 недела истото возило (дали го трампаа или го откупиле незнам) го продаваа AVTO BUV Скопје и го имаа вратено на 190.000км.. За истово имам и докази и све али мислам дека нема потреба да објавувам.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7192
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #665 на: 26 Февруари 2026, 07:11:55 am »
Ќе знаат за другпат дека 5 евра за кар вертикал се плаќаат пред да го земиш возилото, а не по 2 години сопственост.

~25€ отпилика одат проверките по сајтовите, ама да барем уште тоа можеа да го направат пред да ја платат.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3621
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #666 на: 26 Февруари 2026, 07:51:43 am »
Ќе знаат за другпат дека 5 евра за кар вертикал се плаќаат пред да го земиш возилото, а не по 2 години сопственост.

~25€ отпилика одат проверките по сајтовите, ама да барем уште тоа можеа да го направат пред да ја платат.

И CarVertical не може да биде меродавно за проверка на возило, но до некаде ќе има човек увид што и како.И не се проблем тие 5,или 10 евра проблем е следен:

Еве пример: познаник од тука купи автомобил кој бил во сопственост 6 години од прв сопственик. На CarVertical за тоа возило не покажа ништо, а возилото е купено ново, со прв сопственик и целосна сервисна историја од овластен сервис каде што е купено и возено 6 години, редовно сервисирано (филтри, уље, глицерин), без никакви забелешки. Значи CarVertical ништо не покажа за тоа возило иако е ново купено во Македонија.

Човекот што го продаде имаше сервисна историја од автомобилот издадена од овластениот впрочем сите ние ја имаме кога купуваме ново возило. Еве и јас имам сервисна историја за џемс од Миркат каде што го носам во сервис, но на CarVertical го нема.
И пример утре сака carvertical да провери човекот/ односно потенцијален купец ке види дека нема carvertical или пак ако сакаш да го продадеш надвор од Македонија.Може некој да каже не ми е гаранција оваа сервисна историја логично нели?

Еднаш поставив прашање тука и добив одговор од главниот дека CarVertical за купени возила во Македонија не покажува податоци. Јас поставувам уште едно прашање — како постои CarVertical за ист модел во Италија, Франција, Германија, а не постои за модел купен од салон и овластен бренд во Скопје?
Ако некој има желба воља и време нека даде одговор бидејки за купецот тоа игра голема улога чиј пропуст е тоа , Купуваш Шкода 44илјади евра во Македонија нова-Не битно Струмица,Куманово,Скопје.. ја возиш 4 години , 5 ја продаваш Игнасио доаѓа вика дај ми вин да проверам на кар вертикал човеков проверува нема ништо за возилово како е можно? чиј пропуст е тоа иако продавачот на возилото си има сервисна историја издадена со печет од овластено представништо.Значи не сме само ние граѓани кривци голем дел се и тие продавачи впрочем нивно е да се отарасат од возило и соберат пари.А вакви пропусти кој ке сноси последица за одредени работи?
Ако може одговор добро ако не пак добро. Нештата да станат јасни. Пример ја земав шкода да не биде шкода еве сузуки и етц
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7113
  • Бенве сие бенве
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #667 на: 26 Февруари 2026, 08:02:50 am »
Наоѓаш кола со 400000км на добра цена. Пушташ кар вертикал, нема репорт за километри, последно била во сервис во германија во 2019 на 120000. Ја купуваш, враќаш км на 170-180000. Одиш у овластен да и сменат нешто ситно до кај 100еур. Се генерира влез во сервис на 180000км. Купецот пушта репорт и гледа дека се е ок.
Има и друг тип на превари, но тоа само за премиум членови што ќе се претплатат на мојот канал. 


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #668 на: 26 Февруари 2026, 08:08:44 am »
CarVertical добива податоци од организации и сервиси кои се поврзани онлајн. Низ Европа, голем дел од тоа е и законска обврска. На пример и во UK и (мислам) во некои скандинавски земји ако имаш број на таблица, можеш да дознаеш за кола еден куп информации - кога последен пат била проверена, колку километри имала, колку сопственици сменила, итн.

CarVertical оди чекор понатаму - влече податоци од центри за технички преглед, од осигурителни компании, од официјални сервиси (доколку сервисот дозволува, некои од нив дозволуваат), ама па влече податоци и од сајтови за продажба на коли, сајтови како copart и слични. И сите тие податоци ги преработува, ги интегрира (по VIN) за секое возило, и ти ги продава.

Од кај нас нема податоци, заради тоа што ништо од ова што го споменав не е достапно онлајн, па не ни може да има.

И да не се лажеме дека некој од Италија ќе купи кола од Македонија. Мислам, да не си пуштаме филмови.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #669 на: 26 Февруари 2026, 08:25:54 am »
Во бугарија се внесува и слика километража на секој технички секоја година. Доколку возилото било возено од ново тука може многу лесно да му откриеш километража. Нема некој да се замара секоја година да враќа пред технички.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #670 на: 26 Февруари 2026, 08:27:59 am »
Кај нас на технички не ни проверуваат исправност на возило. А не да запишуваат километража  :-X

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1152
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #671 на: 26 Февруари 2026, 08:46:19 am »
А има сега уште на нови возила им ставаат блокатори, па мерат помалце километража и кога ке стигне до 100к, реално отишло 200к. Преваранти секогаш имало и ке има, нема спас за тоа.

Отсутен Batez

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
  • Alfa Romeo GT 1.9 JTDm Black Line
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #672 на: 26 Февруари 2026, 11:43:39 am »
Здраво дечки,
еве уште еден пример на "добар" плац или продавач кај нас, да го имате во предвид, ако некој купува возило по плацови или приватни продавачи.
Се работи за ова возило од огласот :
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5623976

Близок роднина лани летото имаше проблем со климата на колата, проблемот му го средуваа неколку месеци, поради потреба од возило, во меѓувреме си купи друго, ова го среди и го стави на оглас, со најниска цена што ги имаше на огласите за слични возила, за да го продаде што побрзо. На огласот стоеше неколку месеци, скоро никој не се јавуваше, и при крајот на Јануари му се јави заинтересиран купувач од Скопје, сакам да ја видам. ОК, ја виде, ја бендиса, ги собирало трите деца што ги донел со него при купувањето, побарал заради децата уште малце попуст, го добил и продажбата е завршена, купувачот задоволен, продавачот скоро, важно помогнал на многудетно семејство. Потоа праќање на слики на продавачот со децата во колата, дека многу ја засакале, жена му се заљубила во неа и слични патетики. До тука се нормално.
Кога за 2 дена, оп, колата на оглас. И ова се би било во ред, за 2 дена заљубио/одљубио и то је то, освен тоа што купувачот бил волшебник, и тоа од најдобрите, успеал колата да ја подмлади (што би рекол еден мој колега, ја направил "јунгферица"), од 270000 км, станала 169000 "реални", успеал да се врати во времето и пред 20000 км да и смени ланец, сет ламела, потисна плоча и замаец (сè ново), ја исполирал, зачистил, и ставил нова цена, нормално многу повисока и сега некој што ќе ја купи, ќе живее во сон дека вози кола со 169000 км, а плaтил стара извозена кола, за цена неколку илјади евра поефтина од нова Корола :).
На форумот сум долго, но првпат пишувам, а ме предизвика читајќи претходно какви преваранти има кај нас. Мал допринос за разоткривање на ваквите и нека е предупредување за потенцијални купувачи од овој Кристијан, гледам по сликите има и detailing работиница Mr. Polish.
« Последно менување: 26 Февруари 2026, 12:09:09 pm Batez »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #673 на: 26 Февруари 2026, 11:54:09 am »
Опел, рачка и свеќи напред..... ги има сите потребни состојки од рецептот за убаво и издржливо  возило 😁
Сигурен сум дека нема да ја продаде над 10.000 евра колата дечково, иако реално не вееди над 4200.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #674 на: 26 Февруари 2026, 12:16:26 pm »
Јас лично за сите зафати особено тие што не се видливи од надвор имам документација од сервис, слики и видеа лично правени, баш за кога ќе дојде време за продажба да не ме ставаат во иста категорија со овие.