Вчера сменети ол-сизн тркалата со зимски (од прошлата Инсигнија).
Поминати 4863км од 05.07.2017, кога ја земавме, до 11.11.2017, кој е датумот кога ја пазаривме прошлата Инсигнија
Немам замерки за Good Year 4 Vector, стварно добра гума, особено со оглед дека е ол-сизн, и дека бев ептен скептик за тој тип на гуми.
Ставени се старите зимски, да истераме сеа, па ќе видиме за наредна сезона кои комбинации ќе се прават.
Поради тоа што немам сензори на зимските тркала, TPMS цело време јавува грешка, и ќе морам да се борам со “криптонитот” - да ми свети жолто сијаличе на инструмент таблата.
Вчера беше направен тест на светлата, резултатите одлични.
Денеска бев на проверка на акумулаторот, чисто онака пошто заладува, а колата е половна и со старт-стоп систем. Секако проверката беше бесплатна, па зашто не би. И акумулаторот е во одлична состојба (волтажа 12,46; стартна моќност 84%).