Во понеделникот, колата беше оставена кај матичниот на сервис. Денес си ја земав.
Од минатиот сервис поминати:
- 7.241 км
- просек 9,6 л/100км
- просечна брзина 32 км/ч
За промена имаше сетквачила.де, двомасни змај, улиња и филтри.
За сетквачила има повеќе
тукаОвојпат за уље се одлучив да одам на Fuchs како едно од ретките кое ја исполнува GH2 фиатовата спецификација и земав исто уље за менувач по препорака на интернетот и постарите колеги.
Трошоците за овој сервис испаднаа вака:
- ламела и потисна ~ 13.000 ден.
- друк лагер ~3.950 ден.
- двомасен замаец ~25.650 ден.
- Fuchs TITAN GT1 6л 3.100 ден.
- Fuchs ТITAN Syntofluid 2л 1.300 ден.
- Филтер за масло MANN 800 ден.
- Филтер за кабина Comline 400 ден. (за ова ми е многу криво што не можев да најдам посаглам, ама и онака ќе се мења за 5Ккм)
- работна рака 6.000 ден.
Вкупно: 54.200 ден.Со ова е саниран проблемот кој ми се јави со пролизгување на ламелата и направен е редовниот годишен сервис + сменето масло во менувач.
Ламелата беше скроз отидена и во последен период почна да пројавува откажување во секој режим (додуша и јас и зедов зорт повеќе пошто знаев дека ќе ја мењам
).
Добро е што се придржав до напатствијата од овластените сервиси, како и колегата
@Simo - Carrier159 и го заменив и замаецот бидејќи имаше знаци на истрошеност. Имаше одредена луфта и осцилации на допир со рака. Или што би се рекло по нашки, ќе тераше уште 100.000 ама можеше и новата ламела да ја „среди“ за 15.000
.
Денес се врткав малце низ град и после свртев на обиколница. Комбинацијата на прва, е путер. Многу меко менување брзини, изгубени сите појави на истрошеност од претходно, изгубени оние кратки осцилации при низок степен и одземање гас, маслото во мењач дефинитивно требало да се промени затоа што севкупно променава ја подмлади колата за 5 години
.
Се надевам дека и маслово во мотор ќе си ги задржи својствата до нареден сервисен интервал. Многу убаво и тивко работи по промената (како и секое тазе масло). Претходното, Тотал ИНЕО некако брзо ја загуби таа лепота за уши, а како што пишав погоре имаше нешто над 7.000 поминато.
Малце ми е криво што цревото за довод на масло на турбината остана не променето, затоа што испадна дека отвара повеќе работа од планираното, па оставивме за понатака. Тоа не беше за менување, ама ние ценителите на Алфа гледаме превентивно да дејствуваме за да не не' боли глава после премногу
Следно останува да си ги средам на пролет жичките, да го исчистам филтерот за баздух и можеби конечно да ја сменам совозачката квака која ја земав пред повеќе од година.
Од поголем сервис, некаде летоска веројатно ќе треба да се менуваат дискови и плочки. Предните уште имаат „месо“, дисковите имаат некои 2мм забче, задните се поистрошени и дисковите се ОК. Посекако ќе мењам се' комплет, прашањето што ме мати е дали да идам на стандард или XTRA Line варијанта.
И една слика во природна положба, да не биде само текст