Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)  (Прочитано 149406 пати)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #585 на: 31 Декември 2020, 21:33:16 pm »
Odlicna rabota si zavrsil. Mi prai keif sto sam si naracal top delovi. Istoto go napraviv i jas za Hondata od Grcka, sto toa sto majstorot mi mrcese sto ne bile negovi delovite...Veke tesko se naoga dobar majstor sto saka da raboti so tvoi delovi.l

Da menjavase vo ovlasten, mozno ke bese vo fiat kutija vnatre pak da ima Valeo.

Za sledna promena ulje probaj Ravenol ako mozes da nabavis veruvam ke te odusevi i drugo veke nema da stavis :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #586 на: 31 Декември 2020, 21:38:37 pm »
Барав, ама варијантата беше Прилеп, па да ми праќаат навака.
Ова го најдов тука, па ај да пробаме :)

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #587 на: 01 Јануари 2021, 13:19:48 pm »
Едно прашање... Овие модели често имаат проблем со регулација за парното... знам 3-4 во градот сите со исти дефект... Како е кај тебе дали си имал некој проблеми или не ?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #588 на: 01 Јануари 2021, 13:33:58 pm »
Да не ја трујам темава многу, само ќе го прашам @M3V8 или @marjanot за контакт за Равенол. Соодветно е за Фиатови мотори? Има ли 10W-40 градација? Бидејќи нели јас комотно можам да си отидам во Прилеп и да си купам. Секако барам нешто различно од Selenia TD за нареден мал сервис.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #589 на: 01 Јануари 2021, 22:58:56 pm »
Едно прашање... Овие модели често имаат проблем со регулација за парното... знам 3-4 во градот сите со исти дефект... Како е кај тебе дали си имал некој проблеми или не ?

Да куцнам у шал табла, не сум имал проблем.
Пиши што е проблемот да почнам превентивно да дејствувам ;D

Да не ја трујам темава многу, само ќе го прашам @M3V8 или @marjanot за контакт за Равенол. Соодветно е за Фиатови мотори? Има ли 10W-40 градација? Бидејќи нели јас комотно можам да си отидам во Прилеп и да си купам. Секако барам нешто различно од Selenia TD за нареден мал сервис.

Техномото ДООЕЛ, 048 435 652
Комплет понуда имаат.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #590 на: 01 Јануари 2021, 23:01:38 pm »
Да не ја трујам темава многу, само ќе го прашам @M3V8 или @marjanot за контакт за Равенол. Соодветно е за Фиатови мотори? Има ли 10W-40 градација? Бидејќи нели јас комотно можам да си отидам во Прилеп и да си купам. Секако барам нешто различно од Selenia TD за нареден мал сервис.

Земај си Шел Хеликс ултра 5-40 за твојата и уживај си.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #591 на: 02 Јануари 2021, 15:47:35 pm »
@marjanot нема што да се дејствува ке мора да се растура шал табла имале проблем со моторчињата... запчаниците им се пластични и често се кршеле... летово ке тренираме....


Јас на сите мој алфи ставам Bardahl....пошто немам DPF ставам 5-40.... Имам на лагер и за продажба ако некој му треба слободно нека ме контактира....

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #592 на: 13 Февруари 2021, 11:55:15 am »
денес обновени брачни завети со Ѓули, на моја сметка
нејзино е само да пружа задоволство  ;D

АМСМ, тотал 11.210 ден.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #593 на: 02 Април 2021, 22:54:39 pm »
Денес на 105.845 заменети зимските гуми со летни.
Сезонава зимските поминале само 2.622км.

На летниот сет забележав нешто што не ми се допаѓа. На двете гуми кои лани се возеа напред, од страните се имаат појавено микро пукнатини.
Сетот лани беше возен само 4.294км заради пандемијата.
Гумите се монтирани 2017-та и имаат поминато 28.525км.
Веројатно понатаму изборот ќе биде друг.
Станува збор за Continental Premium Contact 6.

Понатака, тргнав да ги сменам завршетоците на издувот со оние кои ги набавив.
Ама не успеав и ми беше страв да не напраам беља.
Постоечката изведба е ваква:



И има 4 вакви нитни. Од секоја страна по една. Не можев ништо да напраам, па тркнав со Ауспухарата до Хјундаи во Злокуќани.
Шо треба?
Овие, да се сменат со овие.
Ааа топ. За 2.000 ден. комплет.
Ок, до колку работите?

Новите завршетоци се ултра лесни за монтажа, само проблем е стариве да се извадат.



Тргнав накај дома, по пат ја заплакнав под мишки пошто беше гној, иако знам дека ќе врне  :-X
Па од таму накај дома и уз пат ми текна да застанам кај дечките од Премиум Моторс. А ми текна пошто се канам повеќе од година дена да ги средам фаровите.

Дечките беа исклучетелно коректни и услужливи и иако беа зафатени со едно возило и еден глисер, ме паркираа одма без потреба од никаква најава.
Седи, одма ќе средиме.

И богами средија. Секоја чест. Фаровите се нови. Ѓули се подмлади.

Сликава е од мај месец лани, во меѓувреме бетер станаа:



Резултатот:







Едно фото во природна положба, па макар хаубата била крената за полирање фарови:



Останува да средам некаде украсите, па да фатам жичките. Све си имам и само си шетам у гепек, никако да завршам работа  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #594 на: 02 Април 2021, 23:09:16 pm »
Фаровите ја правеа нов внос плац CH CH. Сега заличела. Земи си ув заштита.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #595 на: 02 Април 2021, 23:58:50 pm »
Како оди тоа со УВ заштита, кое средство и како се аплицира?
Утре ја оставам мојата на хемиско+полирање+полирање фарови. Па се мислам и јас да акнам такво после полирање...

@Roci јави се Јужна!

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #596 на: 03 Април 2021, 04:50:44 am »
Tamu kaj sto ja ostavas na poliranje bi trebalo 99% da i stavat zastita i uv i od ostanatite atmosferski vlijanija. Informiraj se kako so, ako slucajno nemas vkluceno zastita pisi, ke najdeme care mnogu lesno i evtino  ;D
Primer vakvo nesto evtino a dobro
« Последно менување: 03 Април 2021, 09:10:25 am Roci »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #597 на: 03 Април 2021, 08:54:12 am »
Фаровите ја правеа нов внос плац CH CH. Сега заличела. Земи си ув заштита.

Ставија заштита, да не му ја мислам јас :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #598 на: 03 Април 2021, 10:00:23 am »
Повратак џедаја, ко нова кола :)

Не знам колку ти се замара и дали воопшто имаш услови, ама мислам можеш да ги "истајш" нитните со рамен шрафцигер и чекан.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #599 на: 03 Април 2021, 12:30:15 pm »
Од сеќавање, нитни сме ги бушеле со бургија. Едино проблем ако падне топчето во некој затворен простор па после тропа.