Денес денот го искористив за да го сменам зимскиот сет гуми и малку да ја заплакнам под мишки Џули.
Зимскиот сет го возев од 1-ви Декември и со него поминав 3.980 км.
Не сум ги искоментирал до сега гумите, Барум Поларис 3 во димензија 225/45-17 па после извозена една сезона да споделам искуство.
Гумите се одлични и ги надминаа моите очекувања во клима каква што имавме зимово. На влажен коловоз влеваат поголема доверба отколку на суво. На суво при појако кочење знаеше се активира АБС (вкупно 2 пати), на влажно тоа не се случило без разлика како сум закочил. На снег многу малку беше возена без можност за посаглам тестирање, ама немаше никаков проблем да излезам од двор на подмрзната нагорнина или да се снајдам еднаш на Маврово и еднаш Крушево. Без никакво двоумење се движеше во сакан правец.
Како посебност на гумиве ќе ја издвојам бучноста, односно тивкоста. Не сум возел потивка гума (мислам дека се потивки и од Контито), без разлика при која брзина. Удобна истотака. Барав средна класа гуми, овие не знам дали се водат какјо буџет или не, ама тврдам дека се подобри и од Нокиан ВРД3 и од Данлоп Винтерспорт 3Д кои претходно ги имам возено.
Да не билдам постови, а имам тро време, па да обележам дека на утрешен ден се навршуваат 365 дена од како ја земав колата.
До овој момент имам поминато 12.237км. Во овој период, веќе поназад беше дискутирано дека колата не е излезена од сервис. Од тој муабет па навака извршен е уште еден редовен сервис и овој денес за промена на гуми, кој ја исто го водам како сервис.
КОличето е дојка и е право уживање за возење било каде и било кога. Возам фамилија, 3 деца + чат пат пес, и до сега да куцнам во фелна, не ме изневерила или па некој се пожалил на неудобност или слично. Уствари, вчера се пожалија
@Спенсер ,
@osmica8 и @МАРЈАН дека немало рачки позади, а јас за воља на вистината не сум приметил, ваљда пошто клинците и онака не може да дофатат до горе.
Не е толку тешко да се живее со АЛфа како што некој љуби да дискутира, а подалеку од 1.9ТДИ не видел. Си има маани и сега ќе ги споделам, нема да ги туркам под тепих. Башка ќе има подлога за регулар експерти и хејтери да има за што да се фатат.
Механички не сум ималпроблем, освен што кога залади почна да се јавува некое крцкање кое мое уво велеше дека доаѓа од напред, подвозје. КОга го правев сервисот им кажав да проверат и да ми кажат ако може да установат за што станва збор. Крцкањето се губеше кога возев на влажен коловоз и после перење, што ми укажуваше дека некоја гумица ваљда прави проблем. Во сервис нормално ми кажаа дека почнало да јавува луфта на аксијално лежиште на долно раме и ми дадоа понуда за нови по цена од нешто над 24.000. Претходно колата беше проверена и кај Тихо и Жаре и двајцата заклучија дека подвозјето е ново и нема што да чепкам. Мене ме нервираше, земав туба силикон спреј и на канал ги утопив буферите и на рамењата и на балансштагла. Од тогаш (околу 2 месеца), глува соба е во кола.
АКо не ми штимало нешто на кола, обично сум отварал на алфисти форумот за да видам искуства, па покрај горе она со буферите, кое требало да се јави многу порано, кај мене супер издржало, мои забелешки се и следниве.
Задниот бришач никогаш не запира во позиција 0. Го уклучуваш, брише, го гасиш и он ќе си застане кога ќе реши во следните 3 секунди, во позиција во која ќе си реши. Стандард си било така. Јас го научив и после 3 пребришувања знам да го погодам и исклучам во позиција 0.
Фиокичката напред стандард се зезнувала и се кршело тоа курето. Успеав да ја фиксирам вратичката и не пробувам да ја отворам.
Откажа задниот тастер за отварање гепек. Може е до мене, не до колата, пошто и на леонот ми откажа исто.
Ме изненади што очекував во кола од овој калибар да нема имитации на алуминиум и слично, ама за жал и тука ги има, ги постирав и кај леонот во неговата тема. Па така, совозачката квака почна да се лупи и рачката од менувачот почна да се лупи. Со тек на време ќе ги сменам.
И това би било. КОлата тера осма година и можеби е време да покажува замор на одредени материјали.
Уште си свети по една летна и зимска сезона што значи
@dame фино ја средил лани. Колку и да ја пазам, стално ќе се најде некој КС во СитиМол што ќе ме поздрави и потсети дека колава е направена од лим.
Она што е најважно, јас си ја сакам повеќе од првиот ден кога ја земав. Ме тера, во недела вечер во 1 по полноќ да ја свртам до Водно и обиколница, ме тера да не се замарам дали овој резервоар ќе биде 13 или 10 и да од точка А до Б јас ја бирам рутата А А1 А2 А3 Б. Је би га, ствара завист и влага под кожа.