6 сервиси за 10.000км, Алфа си е Алфа 
помислив да пишам со ѕвездички пошто знаев дека тоа ќе биде тема на разговор, ама под сервис иде:
1. редовен, веднаш по купување
2. свеќици на мое исистирање
3. каиши итн. на мое инсистирање
4. акумулатор
5. сијалици
6. центрирање
(така ми се заведени, па од тука високата бројка на сервиси
)
очекувам наредниве 10.000км значитечно да се намали бројот на сервиси 
Трошоците се сосема рационални и очекувани. Било кое возило кое што би го купил половно ќе ги помине истите сервисни циклуси кои што ги имаш наведено.
Муабетот "алфа е се расипува" е сосема без предметен, затоа што од искуствата изнесени на форумов, повеќе дефекти се случуваат на возила што не се Алфа Ромео.
Голем удел во трајноста и надежноста на возилото игра и свеста на сопственикот кога да интервенира превентивно со цел да избегне поголема беља.
Еве на пример сервисот под број 3.
Марјан сменил каиши иако не требало да ги смени, ама чисто заради душевна нирвана и мирна глава при патување човекот си превземал мерки.
Како што кажа @marmalad просечното македонче ќе ја откорне колава од возење, ќе и смени уље на 30.000 затоа што "нема гајле брат, лонг лајф е уљето, јака е машинава, трпи" и после ќе бара научен конзилиум на форум зашто му свети чек енџин.
Поентата ми е дека во принцип не постои лошо возило (нормално со мали исклучоци), постои неодговорен сопственик кој што очекува премногу за парите што ги платил.