Кога е моторот изгаснат, тој може да се врти и во двата правци. Така да дали прва или рикверц, исто ти се фака.
Поточно рикверц и прва пружаат најголем отпор, а втора, трета, особено крајната брзина од менувачот, 5-та или 6-та пружа најмал отпор.
Пробајте во 5-та да го ставите менувачот, излезете од возилот и пробајте да го турнете, ке видите колку лесно се придвижува, исто како да е во лер.
Друга работа ова со компресијава и способноста на моторот да го држи постојано во место возилото. Тогаш кога понекогаш го туркаме возилото за да го запалиме (ако не пали на клуч), тогаш како успеваме да го завртиме моторот во тој случај за да запали ?

Трета работа, ако моторот кога е изгаснат неможе ништо да го придвижи тогаш, пробајте да го ставите менувачот во втора брзина, пуштете го кумплугот, верглајте, алансерот ке го придвижи и моторот и колата заедно, додајте гас и моторот ке запали

За вртењето на тркалата во правец на тротоар/зид, се сложувам. Дури и некој камен или било што ако имаш да ставиш на некое тркало е добредојдено.