Викендов со Geely Cityray бевме на викенд во Охрид, за прв пат во овие десет години возам аутоматик. Инаку возилото ми остави многу позитивен впечаток особено ко скептик за кинези, внатрешноста делува премиум има детали со кожа, амбиентално осветлување, солидно озвучување, добра изолација. Моторот речиси не се ни слуша освен ако не стиснеш појако. Големо е, пространо, тешко, стабилно и удобно - одлично ги пегла нерамнините на нашиве патишта. Би рекол дека малце преголемо е за city особено за паркирање. Мислам, ќе го паркираш, има камери, сензори, чуда, ама кнап е во линиите и особено ако до тебе има и друго такво возило или некој малце накриво паркиран излегувањето е отежнато. Моторот 1.5 со 174 коња одлично ја носи шасијата. Стража не ја осети и во двата правца си предеше на 1500-1800 обртаи, на автопат во неколку прилики на претицување солидно повлекува. Има куп опреми, адаптивен темпомат со следење на лента, сам врти волан, не замара. Одличен фамилијарен крузер со огромен гепек и место позади и за повисоки патници. Потрошњата низ Скопје коа го земав покажуваше околу 11, на стигнување во Охрид успеав да ја симнам до 6.2. Низ Охрид во гужвата се заглавив, се покачи на 6.7, а на враќање во Скопје ја симнав на 6.1, што мислам дека е ок за овој габарит и сила. Единствено имам две ситни забелешки. Прво нема педали на воланот за рачно менување брзини за класично моторно кочење, на идење натаму се убив кочење, на враќање таман мислев ме сфати колата што сакам да правам и тераше докај 3600 обртаи ама сепак префрлаше во наредна брзина па морав да прикочувам на 3500. Другата забелешка е радиото нема RDS и AF што не е нешто нова технологија и веројатно со два реда код може да го средат, ама за сеа тоа е ќе си бараш рачно станици додека патуваш низ државата




