Има многу во Прилеп сместени. Прилеп е веќе “пропаднат” град или едно големо село за жал, особено за млади, т.е моја и постара генерација, центарот исто како да не постои, постојано е празен, ноќни клубови немаме воопшто, младински организации нула, единствено само кафе-шема по маалските кафулиња кои во последно време ја практикуваат 40+. Мојата генерација седи дома, учи факултет во Скопје или работи во Хрватска/Германија, нема надеж, мислам дека навреме ја изгаснав ламбата, но во погрешно место.
Едит: Бидејќи секојдневно сум со Битолчани (над 10 вработени се од Битола) ми текна да го едитирам постов и да направам споредба. Пред короната се “доближивме” со Битола во поглед на ноќен живот, моментално Битола иако е на 40км од нас, веднаш се заприметува разлика, повесел, понезавидлив народ, странците едвај чекаат да се вратат назад (дали на одмор или засекогаш тоа е дискутабилно). Болна тема ми е, ама Прилеп го прогласувам за умрено!