Да, функционираше доста долг период и стана нормално во затворен простор да не се пуши, што е нормално. Претпоследната власт направи измени од единствениот закон што ни одеше во прилог на нас обичните смртиници и единствениот закон што бил донесен и имаше некаква смисла.
Драго ми е што пак нормално чоек ќе си пија и мези без да биди отруен.
Околу алкохолот, свесно си го уништувам здравјето со него, но не му го уништувам на тој до мене што одлучил да пија вода (хипотетички... Тој до мене пија вода, заедно соалкохолот, исто како и јас, правилно е, да не дехидрираме...), за разлика од чадилницата што ги труја сите наоколу.
Не, не се дискриминирани пушачите, иако така се осеќаат, да не навлегуваме сега во тој дел надолго и нашироко.