Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2740311 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18825 на: 11 Јануари 2026, 14:12:37 pm »
Јас лично поддржувам ваков строг закон. Како бивш страствен пушач, сметам дека најголемата грешка по моето здравје сум ја направил кога сум се фатил за никотинот. Колку може повеќе да се направи да се ограничи достапноста на младите до никотин и цигари, толку подобро.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18826 на: 11 Јануари 2026, 14:18:31 pm »
Јас лично поддржувам ваков строг закон. Како бивш страствен пушач, сметам дека најголемата грешка по моето здравје сум ја направил кога сум се фатил за никотинот. Колку може повеќе да се направи да се ограничи достапноста на младите до никотин и цигари, толку подобро.

Неееее.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18827 на: 11 Јануари 2026, 14:34:53 pm »
Јас лично поддржувам ваков строг закон. Како бивш страствен пушач, сметам дека најголемата грешка по моето здравје сум ја направил кога сум се фатил за никотинот. Колку може повеќе да се направи да се ограничи достапноста на младите до никотин и цигари, толку подобро.
И јас сум бивш пушач (не страствен), и сметам дека е контрапродуктивно со вакви гестапо закони.
Ги оставив бидејки не ми се даваа 100 денари за кутија (некоја си психолошка граница на прифатлива цена за мене)

Да се толку штетни, катастрофата ќе беше во минатиот век.
Ова сега со вакви забрани ми наликува на лов на вештици.
Паранојата од пасивно пушење...навистина не можам да ја искоментирам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18828 на: 11 Јануари 2026, 14:35:34 pm »
Ми смета чадот од цигари премногу, особено во затворен простор. Доколку во кафичите има посебен простор за пушачи во ред, но доколку се сите на едно место тоа е катастрофа, се прибираш дома загушен и засмрден.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18829 на: 11 Јануари 2026, 14:40:17 pm »
Колку што знам, одамна е забрането.
Колку се спроведува е друго прашање.

Меѓутоа на отворено пред објекти да се забрани, на отворено на автобуска станица...тоа е паранојата од пасивно пушење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18830 на: 11 Јануари 2026, 14:53:36 pm »
Види, не е толку паранојата од пасивното пушење, колку што се спречува постапката - консумација на тутун и никотин, да биде третирана како нормална појава.
Не може да забранат продажба, од други причини (политичко/економски), мада ја и со тоа би бил ОК. Нека се третира како марихуана и лесни наркотици, пошто таму и припаѓа.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30610
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18831 на: 11 Јануари 2026, 15:01:24 pm »
Да, треба да се тргнат цигари од лесно-достапни и лесно-видливи рафтови. Јас дури би зголемил даноците на цигарите неколкукратно, па една кутија цигари да кошта 500 денари.

Ама за најлесно, само треба да се доработи законот за да важи и за ајкоси-мајкоси и слични електронски уреди што смрдат на испотени стапала. Се претера во затворено со нив. А и не само на затворено.

„Ама смеам.“ Да, смееш, коњу еден себичен. Само заради тоа што смееш, не значи дека треба.

Ми смета чадот од цигари премногу, особено во затворен простор. Доколку во кафичите има посебен простор за пушачи во ред, но доколку се сите на едно место тоа е катастрофа, се прибираш дома загушен и засмрден.

Ако е така, нема проблем. Ама малку се локалите кои имаат доволно простор за такви работи, а уште помалку се оние кои ќе инвестираат во соодветна вентилација за да може тоа да функционира. Во Скопје знам за едно, само едно место во кое функционира и во кое и јас како милитантен непушач можам да седам на раат и да не ми смета ако некој пуши до мене.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18832 на: 11 Јануари 2026, 15:01:36 pm »
Полошо од комунист е антикомунист ;D

Попрво би го ставил алкохолот во таа графа бидејки е многу поопасен за здравјето и околината.

Сепак да се доизјаснам, коментирам за забрани на отворено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30610
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18833 на: 11 Јануари 2026, 15:03:24 pm »
И алкохолот е многу построго регулиран и оданочен.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18834 на: 11 Јануари 2026, 15:07:54 pm »
Сепак, многу е поразлично на автобуска додека чекаш  да гуцкаш од чоканче, и да запалиш едно цигарче.

Неспоредливо, меѓутоа чоканчето не е забрането.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18835 на: 11 Јануари 2026, 15:09:46 pm »
Ми стои во сеќавање дека еден период законот супер функционираше и не беше пушална во кафичите и рестораните. Да се вратиме на тоа ниво како пред 10 години и топ сме.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30610
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18836 на: 11 Јануари 2026, 15:17:47 pm »
Сепак, многу е поразлично на автобуска додека чекаш  да гуцкаш од чоканче, и да запалиш едно цигарче.

Неспоредливо, меѓутоа чоканчето не е забрането.

Да бидам искрен, не сум видел некој да тегне од чоканче на автобуска додека чека петка во 8 сабајле.

Ама и мене ми е преекстремно тоа ограничување, се согласувам. Не дека ќе се применува, да не се лажеме.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18837 на: 11 Јануари 2026, 15:19:53 pm »
Ми стои во сеќавање дека еден период законот супер функционираше и не беше пушална во кафичите и рестораните. Да се вратиме на тоа ниво како пред 10 години и топ сме.
На нека ги зголемат цените, нека смислат некои решенија, меѓутоа најлесно е со казни.

Како тргнало, (не е само цигари) ќе треба законик да се носи и пред било кој чекор да направиш најпрво да се консултираш да не кршиш некакво законско решение.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18838 на: 11 Јануари 2026, 15:21:06 pm »
Да, функционираше доста долг период и стана нормално во затворен простор да не се пуши, што е нормално. Претпоследната власт направи измени од единствениот закон што ни одеше во прилог на нас обичните смртиници и единствениот закон што бил донесен и имаше некаква смисла.

Драго ми е што пак нормално чоек ќе си пија и мези без да биди отруен.

Околу алкохолот, свесно си го уништувам здравјето со него, но не му го уништувам на тој до мене што одлучил да пија вода (хипотетички... Тој до мене пија вода, заедно соалкохолот, исто како и јас, правилно е, да не дехидрираме...), за разлика од чадилницата што ги труја сите наоколу.
Не, не се дискриминирани пушачите, иако така се осеќаат, да не навлегуваме сега во тој дел надолго и нашироко.



Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7649
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18839 на: 11 Јануари 2026, 15:34:32 pm »
Па како некои реагираат, ко демек стварно некој ќе ве казни на пазар или  на автобуска ако пушите, џандари на видикот нема. И Германија има 300 закони, ама нема толку полиција за на секој ќош да го спроведуваат тоа, исто и кај нас.