Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1798678 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1717
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12660 на: 18 Април 2022, 11:59:46 am »
Класната го казнила класниот.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12661 на: 18 Април 2022, 12:46:37 pm »
ако им ја кренат платата на 45000, тогаш и другиве џаболебари што работат по институции ќе побараат зголемување, ако им зголемат на сите ќе банкротираме ко Шри Ланка. За квалитетот на професорите можам да кажам кога студирав на факултетот за туризам мито и корупција во Охрид, корупција невидена, тарифите за испит одеа од 150 до 1000 евра, професорите се изнадупија млади студентки, тоа беше се само не беше образовна институција. Непотизам невиден, синови, ќерки, снаи, зетови за прва брачеда, се изнапикано.
Се сеќавам втора година полагав математика, на факултет за осигурување математика задачите беа лимеси, интеграли и матрици. Ги решив сите збирки со задачи од електро факултет, на испитот зошто само јас решавав асистентот ме префрли на прва клупа за да не препишуваат од мене и ми рече ако решам 5 задачи 6-тата тој ќе ми ја каже. Јас ги решив сите 6 ми ги прегледа и ми рече очекувај десетка, на огласна табла бев паднат, а колегата што седеше до мене и ја препиша само првата формула од првата задача доби седумка. На крај видов не видов го искеширав 250 евра за да не пишам квадрат и положив со 6-ка.
Е ради вакви глупости ни бега младинава надвор и не гледам дека нешто ќе се смени во блиска иднина.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3580
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12662 на: 18 Април 2022, 12:56:12 pm »
Мене професорите во средно ми беа супер, имаше мал дел што не се трудеа на час али повеќето беа супер.

На Факултет)(ФЕИТ) исто, сите беа потковани со знаење само некои беа ептен досадни да ги слушаш :D

A тоа со мито и корупција. Нити некој ми побарал пари за да положам, или па да му го купам учебникот од 50евра(КГФ имало такви проф.) за да имам право да полагам. Сите имале коректен и релаксиран однос.

Околу плативе, коа владата ја крена минималната на 18к требаше да бидат спремни дека сите други ќе бараат покачување. А и срамота е проф во средно да зема 20тина илјади, па да земите да најдите некој само да ви ги чува децата по некој саат ќе ви наплати 20к месечно.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12663 на: 18 Април 2022, 13:05:05 pm »
Цитат
Јас ги решив сите 6 ми ги прегледа и ми рече очекувај десетка, на огласна табла бев паднат, а колегата што седеше до мене и ја препиша само првата формула од првата задача доби седумка.
Од вакви работи напуштив факултет.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12664 на: 18 Април 2022, 13:16:57 pm »
Има решение, само треба да се сака. Анонимно полагање е сосем изводлива работа, особено денес.

А за конвенционално полагање, може и вака...


Студентот полага, го пишува своето име и студентскиот број, и го запечатува делот со името. Професорот оценува, без да знае чив е испитот. Прегледува, става оцена. Името и студентскиот број се отвараат на совет на професори. Чиста работа.

Само треба да се сака. Кај нас тоа... Тешко.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12665 на: 18 Април 2022, 13:32:48 pm »
Вака ќе го викне да го праша кој ракопис е негов додека прегледува.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12666 на: 18 Април 2022, 14:27:32 pm »
Орце Николов. Половина од наставниците и македонски јазик слабо знаеа, а циркуси имаше секојдневно.

Sent from my...


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12667 на: 18 Април 2022, 14:38:36 pm »
ако им ја кренат платата на 45000, тогаш и другиве џаболебари што работат по институции ќе побараат зголемување, ако им зголемат на сите ќе банкротираме ко Шри Ланка. За квалитетот на професорите можам да кажам кога студирав на факултетот за туризам мито и корупција во Охрид, корупција невидена, тарифите за испит одеа од 150 до 1000 евра, професорите се изнадупија млади студентки, тоа беше се само не беше образовна институција. Непотизам невиден, синови, ќерки, снаи, зетови за прва брачеда, се изнапикано.
Се сеќавам втора година полагав математика, на факултет за осигурување математика задачите беа лимеси, интеграли и матрици. Ги решив сите збирки со задачи од електро факултет, на испитот зошто само јас решавав асистентот ме префрли на прва клупа за да не препишуваат од мене и ми рече ако решам 5 задачи 6-тата тој ќе ми ја каже. Јас ги решив сите 6 ми ги прегледа и ми рече очекувај десетка, на огласна табла бев паднат, а колегата што седеше до мене и ја препиша само првата формула од првата задача доби седумка. На крај видов не видов го искеширав 250 евра за да не пишам квадрат и положив со 6-ка.
Е ради вакви глупости ни бега младинава надвор и не гледам дека нешто ќе се смени во блиска иднина.
Истото беше и во мое време кога студирав таму, со таа разлика што немав никаква намера да пикам хартивчиња во индекс.
Многу беше јасно дека професорот (охриѓанец) не знаеше поинаква математика да предава.
Да не спомнувам уште неколку професори, но капак беше теткиштето од студентски прашања...одлучив да не уривам ѕид со глава и тргнав во авантуристички живот :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12668 на: 18 Април 2022, 15:15:38 pm »
Вака ќе го викне да го праша кој ракопис е негов додека прегледува.

Дека секој систем можеш да го заебеш, можеш. Заебување на системот (и после кенкање дека не работи) ни е национален спорт.

За жал, поентата (особено во земји како Македонија) е да го направиш системот што е можно покомплициран за заебување. И од страна на професори, и од страна на студенти. Па да видиме после, брија ли се владика.

1. Елиминирај го оној глуп систем на бркање потписи. Многу, многу, екстремно многу глупава работа. „Одам кај професорот да ми даде потпис.“ Одличен механизам за барање/давање мито.
2. Дигитална евиденција на присутност. Со некаква картичка, и пошто тука знам дека ќе речеш „ама некој друг ќе ме кликне дека сум бил“, по потреба и отпечаток од прст.
3. Право да полагаш испит имаш ако си бил присутен на најмалку 80% од часовите. Не е логично да полагаш ако не си бил присутен. Не ти е пренесено знаењето.
4. Полагање предмет треба да биде со полагање испит и со проекти. Не или-или. И едното и другото. Треба да ги положиш и двете за да го положиш предметот.
5. „Пријавување полагање испит“ е многу, екстремно многу глупава работа. Ако си запишан на факултет и ги исполнуваш критериумите за полагање (присутност, положен практичен дел) автоматски си пријавен за полагање испит. Кој кур „одам да пријавам испит“. Студент си. Треба да си пријавен по дифолт.
6. Ако не положиш од прва, тогаш одиш на казнена сесија, каде што максимум можеш да добиеш пролазна оцена.
7. Предавање проекти да биде во специфичен формат и преку 3rd party систем кој автоматски ќе проверува дали има плагијат некаков, и дали работите се соодветно референцирани.

Од друга страна...

1. Не смее фул-тајм професор да дава на асистенти да држат предавања.
2. Не смее фул-тајм професор да дава на асистенти да му спремаат/држат испити.
3. Редовна ревизија на програмата. Идеално еднаш на две-три години, во рамките на некакво тело што ќе биде задолжено за одржување на стандарди. Има предемети каде што едноставно не може да се предава истата работа повеќе од 3-4 години.
4. Анонимно полагање во училници со видео надзор.
5. Редовна (дури би рекол и годишна) ревизија од надворешен, 3rd party ентитет. Идеално, од сосем трет универзитет. Доаѓа професор по ист/сличен предмет и зема рандом примерок од 10% од испитите. Ги препроверува и гледа дали се добро/правилно оценети. Доколку се, никому ништо. Доколку се увидат нерегуларности, академската институција си презема мерки.
6. Вистински активен, непартиски совет на студенти. Анономини анкети спроведени кон студенти. Да се знае ако нешто мириса, не само да се бута под тепих.
7. Професор не смее да откажува предавања без најава. Најмалку еднаш неделно треба да има дополнителен час (со дефинирано време и место) за консултации, ПЛУС да има office hours барем уште еднаш во неделата.
8. Секако, професорот треба да биде здраво и дебело платен. Прво, за да нема причина да измислува бизниси на страна, а понатаму да биде свесен дека ќе изгуби работна позиција со многу бенефиции и висока плата ако се заебава.

Ете... Мои некои совети и искуства.
« Последно менување: 18 Април 2022, 15:22:52 pm zeroSignal »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1964
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12669 на: 18 Април 2022, 15:24:11 pm »
И на годишно ниво, на цел Уким, едвај 150 запишани ќе има.  :'(
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12670 на: 18 Април 2022, 15:27:29 pm »
Барем ќе имаш 150 квалитетни,отколку 15000 некадарни.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12671 на: 18 Април 2022, 15:28:17 pm »
Барем ќе имаш 150 квалитетни,отколку 15000 некадарни.

Не бе, зашто мислиш така? Пак ќе си бидат пополнети сите места, само процентот на дипломирани после 4 години ќе биде значително помал, али квалитетот би требало да биде подобар.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12672 на: 18 Април 2022, 15:32:47 pm »
Не е битна бројката колкава ќе биди,дали поголема или помала,работата е е шо ќе имаш квалитетен кадар,додека сега во катастрофално образование и онај кој би бил квалитетен во нормални услови ќе го "расипиш".
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12673 на: 18 Април 2022, 15:56:35 pm »
На некои факултети добро си функционираше и сеуште функционира се. Нема да именувам. А и професорите се многу фино платени за нашиот стандард.

Како и да е поголемиот проблем се средните училишта и основните училишта. Тука има многу слаб трансфер на знаење и реално учење во голем број случаи. Секако некои наставници се покажале беспрекорно според мене, и во учење и во предавање. Ама тоа веројатно од лична сатисфакција, не добиле ништо за тоа што се окозиле да се интересни и што се труделе да научат луѓе. И тука се проблем платите. Зошто ем се прениски, за оние наставници кои покажале особен интерес и успех, ем се превисоки за оние кои недоволно се заангажирале. Тука е големата разлика и нерешливоста.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12674 на: 18 Април 2022, 15:59:16 pm »
Евидентирањето присутност би ја насочил единствено во контекст на оценување на квалитетот на професорот, а не како услов за право на полагање на испит. Не е средно образование па 15 минути од часот да помине во прозивки кој е присутен или не.
Картичките се измислени за работно место, не за студенти.

Пример, професорот по политичка економија имаше таков стил на предавање што материјата се совладуваше веднаш за време на предавањата. Сходно на тоа да видам кој не би сакал да биде присутен.