Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997935 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12675 на: 18 Април 2022, 16:04:09 pm »
Добро тераше, освен "чувства и емоции".

Ама ај, ти најмалку истропа, сепак. :)

Искрено мислам дека не е соодветно за дискутирање.
Нема ниту една страна исполнето, а отиде работава јабана. :)
И ти премногу чувствително реагираш на свите емоции ебаго, ама ништо чудно бидејки така си едуциран во образовниот процес :)

Добар кападастер! :D
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12676 на: 18 Април 2022, 16:07:32 pm »
Евидентирањето присутност би ја насочил единствено во контекст на оценување на квалитетот на професорот, а не како услов за право на полагање на испит. Не е средно образование па 15 минути од часот да помине во прозивки кој е присутен или не.
Картичките се измислени за работно место, не за студенти.

Пример, професорот по политичка економија имаше таков стил на предавање што материјата се совладуваше веднаш за време на предавањата. Сходно на тоа да видам кој не би сакал да биде присутен.

Затоа нема потреба од прозивки. Во денешно време е лесно. ID картица за секој студент, клик на врата на влегување, хајт. Решен проблем. Во една образовна институција дури видов мали скенерчиња за картички на секоја клупа. Доаѓаш, седнуваш, титкаш картица - уште подобро, за да се избегнат потенцијалните колони на врата.

Редовност на часови итекако треба да биде услов за полагање. А ако се примети дека кај некој професор редовно има помала присутност, да се открие зошто е тоа така.

Јас па би рекол дека работа на професорот е да има и пренесе знаење. Не му е работа да ги забавува студентите. Ако успее да биде забавен и интересен за слушање покрај тоа што ќе има и ќе пренесе знаење, тогаш е само плус и екстра мотивација.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12677 на: 18 Април 2022, 16:09:45 pm »
Следење редовност е невозможно на ЕКТС систем, а и општо е глуп начин за стекнување право на полагање.

Сум имал 3 предмети во ист термин заедно со лаб. вежби. Од овие само лаб. вежби се битни за полагање, и реално најмногу знаење се добивало на некои предмети. На повеќето предмети и лаб. вежбите ми беа бескорисни. Некој ќе рече ми биле презапишани предметите па се поклопувале, ова ми се случувало и со предмети од иста година.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12678 на: 18 Април 2022, 16:18:08 pm »
Тоа е превид и неорганизираност на факултетот. Не смее да дозволи да се преклопуваат предавања и вежби од два или повеќе предмети.

Ако факултетот и предметот се добро организирани, студентите уште на почеток на година ќе добијат распоред на предавања (која недела што ќе се предава), точно ќе знаат кога ќе имаат ревизија на предаваното пред испит, и точно ќе знаат која недела ќе полагаат.

Од друга страна, ако не положиш испит во редовен рок, одиш во казнена сесија. Казнената сесија е пред почеток на следната година. Ако не положиш, ќе пробаш пак во следната казнена сесија, и така... Нема што да одиш пак на предавања. Еднаш веќе ти било овозможено.

Не е дека не може да се среди и да биде како што треба. Само не се сака и се бараат изговори.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12679 на: 18 Април 2022, 16:18:37 pm »
А кој рече дека некој ги забавувал студентите?

Проверка на присутност да се спроведува кампањски и ненајавено, а не преку условување на студентот за да полага испит и на тој начин вештачки да се пумпа интерес кај студентите да чмаат на предавањата на кои професорот пелтечи и не во состојба да пренесе знаење.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12680 на: 18 Април 2022, 16:22:11 pm »
Ако професорот пелтечи и не е во состојба да пренесе знаење, си постои совет на студенти (точка 6 од вториот дел од мојот пост), кои ќе покренат соодветна иницијатива за да се види што се случува и професорот да биде соодветно санкциониран ако треба.

Во нормални земји и на нормални факултети, ова функционира - и тоа одлично.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12681 на: 18 Април 2022, 16:23:14 pm »
Не е дека не може да се среди и да биде како што треба. Само не се сака и се бараат изговори.

Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12682 на: 18 Април 2022, 16:25:22 pm »
Сите ваши забелешки и предлози се прифатени и ќе бидат спроведени до министерството на следната седница.

Е сега, имам само еден проблем:
Од каде да ги најдеме парите?
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12683 на: 18 Април 2022, 16:30:51 pm »
А кој рече дека некој ги забавувал студентите?

Проверка на присутност да се спроведува кампањски и ненајавено, а не преку условување на студентот за да полага испит и на тој начин вештачки да се пумпа интерес кај студентите да чмаат на предавањата на кои професорот пелтечи и не во состојба да пренесе знаење.

Плус нема причина да се дава присутност како услов, кој колку научил се гледа на испит, небитно дали на предавање или сам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12684 на: 18 Април 2022, 16:31:37 pm »
Ако професорот пелтечи и не е во состојба да пренесе знаење, си постои совет на студенти (точка 6 од вториот дел од мојот пост), кои ќе покренат соодветна иницијатива за да се види што се случува и професорот да биде соодветно санкциониран ако треба.

Во нормални земји и на нормални факултети, ова функционира - и тоа одлично.
Исто како професорон од електро на туризам спомнат погоре :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12685 на: 18 Април 2022, 16:35:28 pm »
Сите ваши забелешки и предлози се прифатени и ќе бидат спроведени до министерството на следната седница.

Е сега, имам само еден проблем:
Од каде да ги најдеме парите?
Пари има, само лошо се распределуваат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12686 на: 18 Април 2022, 16:35:52 pm »
Ако професорот пелтечи и не е во состојба да пренесе знаење, си постои совет на студенти (точка 6 од вториот дел од мојот пост), кои ќе покренат соодветна иницијатива за да се види што се случува и професорот да биде соодветно санкциониран ако треба.

Во нормални земји и на нормални факултети, ова функционира - и тоа одлично.
Исто како професорон од електро на туризам спомнат погоре :)

Затоа реков во нормални земји, на нормални факултети.

Ние сме даааааалеку од тоа. Оправдувањето неприсуство на факултет само го доловува тоа.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12687 на: 18 Април 2022, 16:38:34 pm »
Сите ваши забелешки и предлози се прифатени и ќе бидат спроведени до министерството на следната седница.

Е сега, имам само еден проблем:
Од каде да ги најдеме парите?
Пари има, само лошо се распределуваат.

Сметам дека сте во право, Г-н Микиус.
Како да ги распределиме парите посоодветно?

Уште едно нешто сметам, па после ќе се тргнам да не сметам веќе.

Платите на здравствените и просветните работници се генерално патетични.

Дали да воведеме прогресивен данок, па да им одземеме на "побогатите"?
Само ми е страв дека парите од тој данок пак ќе завршат во погрешни раце. :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12688 на: 18 Април 2022, 16:39:45 pm »
Ако професорот пелтечи и не е во состојба да пренесе знаење, си постои совет на студенти (точка 6 од вториот дел од мојот пост), кои ќе покренат соодветна иницијатива за да се види што се случува и професорот да биде соодветно санкциониран ако треба.

Во нормални земји и на нормални факултети, ова функционира - и тоа одлично.
Исто како професорон од електро на туризам спомнат погоре :)

Затоа реков во нормални земји, на нормални факултети.

Ние сме даааааалеку од тоа. Оправдувањето неприсуство на факултет само го доловува тоа.

Никаде во свет не е задолжително присуство на факултет кај нормални професори. И било кој што отворил ЕКТС пресметка на време да види си пишува таму колку време самостојно да се посвети на предметот, а тоа е многу повеќе него часовите што постојат во еден семестар за некој предмет.

И веќе постојат услови за полагање па дури и за запишување на предметот, си пишува скоро на секој предмет кој е.

И дискусијава е без врска, се бара проблем кај студентите кога проблемот е кај факултетите и наставниците. Истово го прават и тие, стално студентите им се криви за тоа што се неспособни да смислат добри програми или да смислат предмети што ќе дадат реално и корисно знаење.

Или те кочат во бирократија со плаќање ствари на уплатници, немаат ни терминал да платиш на шалтер со картичка барем ако не сакаат со ќеш, со пополнување глупи молби и чекање пред студентски прашања затоа што се неспособни да пишат email да објаснат што е некомплетно во документите. Ова се проблеми на УКИМ кои многу други универзитети ги имаат решено тотално електронски.
« Последно менување: 18 Април 2022, 16:46:17 pm DarthJe5us »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12689 на: 18 Април 2022, 16:45:17 pm »
Ако професорот пелтечи и не е во состојба да пренесе знаење, си постои совет на студенти (точка 6 од вториот дел од мојот пост), кои ќе покренат соодветна иницијатива за да се види што се случува и професорот да биде соодветно санкциониран ако треба.

Во нормални земји и на нормални факултети, ова функционира - и тоа одлично.
Исто како професорон од електро на туризам спомнат погоре :)

Затоа реков во нормални земји, на нормални факултети.

Ние сме даааааалеку од тоа. Оправдувањето неприсуство на факултет само го доловува тоа.
Евидентирањето присуство автоматски генерира понизност кај студентот.