Секако дека сме имале позитивни впечатоци од професорите. Да бидам искрен, јас имам позитивни сеќавања за повеќето професори од Орце. Идиотите беа тие што се броеја на прсти. Тие уште подобро ги памтам.
Нормално, треба чистка, и тоа темелна. Ама од друга страна, квалитетните професори (особено оние кои одат подалеку од предавање на дефинираниот материјал и се вистински педагози, па дури и втори родители) заслужуваат неколкукратно голема плата.
Огромен дел од причината поради која сме до ова дереџе дојдени е неквалитетното образование. А квалитетно образование е многу тешко да се постигне со неквалитетен и незадоволен кадар. Лично, на тие професори што заслужуваат, платата неколкукратно би им ја зголемил. Тие се тие што ни ги едуцираат децата и (во голем дел) ни ги подготвуваат за иднината.