Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997663 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12120 на: 28 Декември 2021, 22:06:59 pm »
За 90м³ плаќам 600€ сува кирија + 130 струја и гас + 130 чистење,одржување и сл...
Нов да купам 90м³ 260 000€ плус намештај.
Настрана тоа дека и за нов треба да ме одберат од 5000 кандидати.
Уште година две најмалку не се замарам,иако се подразбира дека подобро е да отплаќам "мое" одколку да плаќам кирија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12121 на: 28 Декември 2021, 22:10:32 pm »
Кај тоа бе, брат, у Валандово ли? :D

Спор сум како Трактор денес.
Мислев на n1kola, ама еве и за мечето важи прашањето :))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12122 на: 28 Декември 2021, 22:33:20 pm »

А зарем ни едниот ни другиот немаат нешто заштедено пред да почнат со купување?



Хахаха...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12123 на: 28 Декември 2021, 22:36:28 pm »
Муабетот е тачно "Епа, кај ти е Ферарито, да те ебам?!" :D
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12124 на: 28 Декември 2021, 22:41:05 pm »
А зарем ни едниот ни другиот немаат нешто заштедено пред да почнат со купување?

Ако не живеат под мотото "само треба да најдеш некој да ти го покрие учеството", тие луѓе живеат заедно, и плаќаат кирија и сметки заедно.

Еве, лично искуство, со барање најповолни понуди за све што користам, сметки ми се 6000 денари во пролет и есен, кога не се греам или ладам. Кирија ми е 220 евра, се надевам така и ќе остане на следно обновување договор.

Хипотетички ако имам приход од 800 евра, по платени сметки и живеалиште ми остануваат 480 евра, а уште не сум јадел ништо месецот :) Ќе те оставам сам да ми одговориш колку години тој пар треба да штеди за да заштеди за само пола од учеството.

Со 800 евра приходи не се купува стан во Скопје. Во други градови кај што кошта квадрат 600-700 евра, да. Тогаш е изводливо.

Да се надополнам, супер е сопствеништво на недвижнина, сите викаат "се олеснив", "што не посегнав побрзо" итн итн.

Го почитувам нивното мислење и став ама не се пронаоѓам во истиот бидејќи ако во моментов посегнам кон купување стан, трошоците ќе ми скокнат од 320 евра, на 550 евра секој месец и ќе живеам во стан кај што фали трпезариска маса зошто "не можам сеа, може да почека" или да ги продадам колата и точаците (нешта што ми предизвикуваат енормно задоволство) за купам плакари или да направам кујна со бела техника.

Ебан од две страни, ем со помалце пари на располагање, ем во стан кај што ќе треба да јадам на клуб маса.

Фала, не фала. Ќе почекам да најдам животна сопатничка, па тогаш ќе размислуваме заедно :)
« Последно менување: 28 Декември 2021, 22:54:01 pm MartinAlfista »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12125 на: 28 Декември 2021, 22:46:46 pm »
80% од становите во Скопје се купуваат со продадени ниви. Не со учество од заработени пари.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12126 на: 28 Декември 2021, 23:07:10 pm »
А од нивите - и Ферарито!

Сто појена за нашег старијег млаџег референта чичо Симо. :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12127 на: 29 Декември 2021, 00:17:36 am »
80% од становите во Скопје се купуваат со продадени ниви. Не со учество од заработени пари.
Ниви?
Продале коренот!

И потоа се чудиме со окупирани тротоари, и протести на сообраќајници, оти без корен...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12128 на: 29 Декември 2021, 01:55:16 am »
Еве јас имам ниви за продавање, каде да барам купци 😂😂

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12129 на: 29 Декември 2021, 07:46:30 am »
Огласи ги на пазар3 и реклама5.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12130 на: 29 Декември 2021, 07:56:17 am »
@Luki Junior ако не грешам, во Ахен живееше. Колку кошта квадрат таму , а колку кошта киријата?

Порано живеев во Ахен, последните две години живеам во Штутгарт.

Цени во Ахен:
Кирија по квадрат  се движи од 8 до 15 евра по квадрат (без сметки). Да купиш живеалиште (стан/куќа) по квадрат е од околу 2900-3000 евра па нагоре. Јас плаќав кирија по 9 евра квадрат таму.

Цени во Штутгарт:
Кирија по квадрат  се движи од 11 до 20 евра по квадрат (без сметки). Да купиш живеалиште (стан/куќа) по квадрат е од 5000 евра па нагоре (нагоре значи и над 10 000-12 000 квадрат). Јас плаќам кирија по 12 евра квадрат.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12131 на: 29 Декември 2021, 08:42:19 am »
А зарем ни едниот ни другиот немаат нешто заштедено пред да почнат со купување?

Ако не живеат под мотото "само треба да најдеш некој да ти го покрие учеството", тие луѓе живеат заедно, и плаќаат кирија и сметки заедно.

Еве, лично искуство, со барање најповолни понуди за све што користам, сметки ми се 6000 денари во пролет и есен, кога не се греам или ладам. Кирија ми е 220 евра, се надевам така и ќе остане на следно обновување договор.

Хипотетички ако имам приход од 800 евра, по платени сметки и живеалиште ми остануваат 480 евра, а уште не сум јадел ништо месецот :) Ќе те оставам сам да ми одговориш колку години тој пар треба да штеди за да заштеди за само пола од учеството.

Со 800 евра приходи не се купува стан во Скопје. Во други градови кај што кошта квадрат 600-700 евра, да. Тогаш е изводливо.

Да се надополнам, супер е сопствеништво на недвижнина, сите викаат "се олеснив", "што не посегнав побрзо" итн итн.

Го почитувам нивното мислење и став ама не се пронаоѓам во истиот бидејќи ако во моментов посегнам кон купување стан, трошоците ќе ми скокнат од 320 евра, на 550 евра секој месец и ќе живеам во стан кај што фали трпезариска маса зошто "не можам сеа, може да почека" или да ги продадам колата и точаците (нешта што ми предизвикуваат енормно задоволство) за купам плакари или да направам кујна со бела техника.

Ебан од две страни, ем со помалце пари на располагање, ем во стан кај што ќе треба да јадам на клуб маса.

Фала, не фала. Ќе почекам да најдам животна сопатничка, па тогаш ќе размислуваме заедно :)

Ако останат цело време на тие 400евра плата, за 5 години би имале за учество. Со парите што ќе ги добијат како поклони на свадбата ќе платат за уредување на станот. Им останува само еден кредит а тоа е станбениот, па место кирија ќе си плаќаат рата наредните 30 години. Ако им помогнат и родителите тогаш ќе имаат и помала рата него ли што плаќале кирија.

Ништо не ги спречува да се изборат за повисока плата, дали на истото работно место или на друго.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12132 на: 29 Декември 2021, 08:47:57 am »
И има друг момент што нашиот менталитет ни е да купиме прво кола па послем другото да гледаме а ако тргнеш во старт скратиш колата колку и да е мерак додека не го средиш станбеното прашање ете ги парите за уредување или дел од учеството, да бидеме реални кола е голем потрошувач доколку сакаме ем да штедиме ем да се возиме

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12133 на: 29 Декември 2021, 08:49:03 am »
За како до стан постојат мн математики. Една работа што никој не може да ви ја долови додека не ја почувствувате на свој грб е кога сте кај мама и тато и кога сте со фамилија.

Јас генерално го имам изодено патот до купување недвижнина во моја/сопруга/банка сопственост.

Што да ви кажам, генерално треба и искуство/занање/карактер со раководење со пари. Уште од мали нозе. Затоа ценам кога родители на тинејџери им оставаат месечен буџет за сами да располагаат. Нормално под услов, да нема моменти „мама/тато дај уште нешто потрошив се“. Ако сте во мото „живеј како да е последен ден“, темава не е за вас.

Најтешко е да се најде компромис помеѓу желбите/потребите/луксузот. Тука нема точно и погрешно, за секој е различно и не треба да се „мерат“ работите. Ама за мене е нелогично, пример да се има голем стан а да се нема пари за сметки/опремување или да се има добра кола а да не се вози.

Реалноста е дека со семејство можноста за излегување е сведена на минимум а тоа не е поради финансиите туку едноставно немање слободно време за себе. Некој ќе си рече, супер еве каде ќе најдам пари за рата. Педијатрите/аптеките/бутиците ќе ви речат hold my beer. Верувајте дека ратата за стан ми е смешна во поглед на овие трошоци. Сакам да кажам, дека ако вие и партнерот сами, мислите дека тешко излегувате на крај со сметки/живеалиште/трошоци со деца ова би било скоро неверојатно. Освен ако се облекувате/излегувате во полуксузни продавници/места па одеднаш решите да не го правите тоа.
Стан не се купува од денес за утре, се прават пресметки уште при прво вработување.

Да не тупам, еве генерално некои совети што можеби ќе ви бидат на место можеби не.

1. Живејте во стан каде месечните трошоци за комуналии се минимални. За фамилија со деца до 6-7 години и стан од 50-60 кв е сосема доволен. Децата секако ќе сакаат блиску до вас да бидат а не сами. Понатаму, ако сте во можност, секој своја соба ако сакате мир.
2. Не помислувајте да купувате недвижнина ако немате учество и нешто пари за опремување. Проблем е моментот како сега цените растат платите не, нормално вие никогаш нема да заштедите процентуално.
3. Се купува стан што лесно може да се продаде. Подобро по кирија, отколку во стан што импулсивно сте го купиле. Ретко кои луѓе околу вас ќе ве предупредат да не згрешите. Само вашите родители. Животот е долг, никогаш не знаете што ќе се случи. Добар стан се продава за 1 месец. Лош стан и по 3 години.
4. Гледајте ратата за кредите да не надминува повеќе од околу 20%. Како што постои правило да не купуваш нова кола што е со цена на твоите вкупни годишни примања, така и тука. Не е станот се во животот, треба и да се живее.
5. Никогаш не штедете на одмор. Тоа се моменти каде целата фамилија добива издувен вентил и убави спомени. Подобро скромен одмор отколку никаков. За мене лично, подобро два скромни одмори отколку еден луксузен.

Тоа е тоа, секој со својата желба, најважно е да сте среќни.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12134 на: 29 Декември 2021, 09:21:10 am »
Ако останат цело време на тие 400евра плата, за 5 години би имале за учество. Со парите што ќе ги добијат како поклони на свадбата ќе платат за уредување на станот. Им останува само еден кредит а тоа е станбениот, па место кирија ќе си плаќаат рата наредните 30 години. Ако им помогнат и родителите тогаш ќе имаат и помала рата него ли што плаќале кирија.

Ништо не ги спречува да се изборат за повисока плата, дали на истото работно место или на друго.

Свадбата треба да ја платиш и направиш за да добиеш поклони, и родителите треба да имаат за да помогнат :)