Не знам у Скопје, ама во Струмица поголемиот дел од кафани/ресторани се во дуќан под кирија. Колку сака нека е голем или познат локал, не би можеле плати + кирија да исплаќаат кога има 0 приход.
За жал, можат да опстојат ако тие трошоци ги нема (кирија/плата) во спротивно, никогаш повторно нема да проработат.
Угостителството веќе нема шанси да е исто после кризава. А ако продолжи така, цела економија нема да е иста како порано. Колку подолго сме со овие мерки, толку полошо. Отпуштањето на работници е неминовно. Може и газдите несакаат така ама немаат избор.