....
Сум се шетал пешки без некој страв (со другари/пријатели странци што би биле лесна мета за ограбување/силување/итн) во Дуизбург, Есен-Алтенесен (кај курвите и борделите), Дуизбург-Рајнхаузен кадешто крадат се и сешто (дури и машини за продавање на билети на Дојче Бан), Келн-Еренфелд и Мјулхајм, Бохум, Вупертал, Берлин во Нојкелн кадешто има од овие кабарињата и тие лудите дискотеки и квартови, во градот кадешто живеам живеев три години во гетото кадешто кириите беа пониски, а уличињата и киосците личеа на мини Турција, Курдистан, Пакистан. Има дрога, дилери, мигранти, азиланти, матни типови, тепачи и многу многу полиција и во патролни коли и во цивилни коли.
Погледни низ статистиките за колку време доаѓа полиција/брза помош/пожарна во Германија после повик. (помалку од осум минути е на ниво на цела федерација, а имаат премногу сообраќај и гужви. Претпостави си зошто е тоа така).
Постои криминал, постои дрога, постојат банди, постојат мафии, постојат групирања, постојат џамии кадешто се радикализираат муслиманите. Постои ладно оружје, шверц, кражби на коли, и слични неубави работи. Но за тоа си има служби кои планираат долгорочно за безбедноста, иднината и создаваат услови за ОК живот, правење бизнис и пари.
Лично имам слушано од полицајка како еден од овие не сакал да следи наредби од полицајка, затоа што во неговата земја жените немале право да наредуваат на еден маж. Ја фаќа за ревер и ја потегнува. Оваа му вади пендрек и за пет минути му објаснува како стојат нештата во Германија.
А на прашањето зошто не ги запреле мигрантите, единственото финално решение во 2015та да ги запрат е да ја пуштат армијата и да дадат зелено светло да ги срамни со земја Пакистан, Бангладеш, Сирија, Русија, Иран, Либан, Јордан, Саудиска Арабија, сите земји по балканската рута што ги праќаа на север, и да направат еден нов геноцид на сите тие миљон-два што чекале на влез за во Западна Европа. Ама некако тоа решение потсеќа на едно решение на еден човек со чудни мустаќи и изразен австриски изговор.