Кога правев примопредавање на владение на станот во кој што сум сега, газдите:
- И ќе внимавате кога тресите чаршафи или ќебиња од тераса, не се потпирајте многу на оградата, тие што ја изведувале зградата заборавиле подобро да ја прицврстат оградата...
- Ами ние никогаш не тресиме чаршафи и ќебиња од тераса...
... и мрмотот ја завитка чоколадата во фолија...
Не ружи, кај нас в село цели казани дигаа ( за ракија ), замисли кој фраери биле то време?
Ти се заебаваш, ама во 2015та од дома ми дигнаа/украдоа речиси 300 литри ракија. Пробав да разговарам со некој полициски инспектор, и првото прашање му беше, имаш ли лиценца? Ако немаш, ти ќе наебеш. Си ставив раците во џеб, си го закопав погледот во земја, си опцув во себе, си поплакав тивко без солзи и после десетина дена откако ми заврши одморот си се вратив во Германија.
Нека им се за душа и за здравје на тие што ќе локаат од трудот на татко ми.
Ако ја украдиле и испиле, на здравје да им е. Ако ја украдиле и продале, на здравје да им е на тие што ја купиле, а овие што ја украдиле да му родат жените стоногалки и сите пари за чевли да ги дадат!