Автор Тема: Skoda Superb Active 2.0 TDI  (Прочитано 73488 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #30 на: 08 Јуни 2017, 14:35:00 pm »
@kalimero со среќа да се вози и долго да ве служи колата. Одличен избор и мотор. Ајде чекаме апдејт од понашање на отворен пат.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #31 на: 08 Јуни 2017, 14:43:37 pm »
Со среќа да си ја возиш :)

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #32 на: 10 Јуни 2017, 18:25:15 pm »
Ставени нови понормални слики во првиот пост.

Денес испрана кај Бушав за прв пат откако е купена и соодветно избрендирана.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #33 на: 10 Јуни 2017, 18:42:36 pm »
Следен совет, брзо оди кај Даме на керамичка заштита. Ќе те боли душата ако ти ја гребне камче или слично.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #34 на: 10 Јуни 2017, 19:45:37 pm »
Брод. Со здравје да се вози. Бојата одлична.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #35 на: 10 Јуни 2017, 22:50:19 pm »
Многу убаво си напраил што не си купил Октавија и си одбрал Суперб. Со здравје да си ја возите и да си се ширите во нејзе :)

Додека е тазе лепенката, извадија од каросерија и залепија на стаклена површина!


Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #36 на: 10 Јуни 2017, 22:52:51 pm »
Mnogu dobar izbor.... staj edna slika od gepekot.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #37 на: 16 Јуни 2017, 17:26:44 pm »
Со здравје да се вози, убава лимузина.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #38 на: 21 Јули 2017, 13:30:49 pm »
После месец ипол со колава и поминати околу 3.000 км со неа, да си кажам што и како.

На почетокот имаше мал пропуст од Порше Македонија, колата многу лупаше на нерамнини и прелази, низ град така така, ама на автопат не беше баш пријатно чукањето.
Се јавив и одма ја однесов во сервис и беше установено дека дури три стопери кој ги ставаат при транспорт на колите стојат заглавени кај амортизерите, две од една и еден од другата страна. Одма тоа извадија и сега нели се е нормално, глупост е ама нервира нова кола кога треба да ја носиш во сервис па да се провери дрн дрн, небитно, средено.

Ставени се навлаки во Еуростил, незнам дали јас многу очекував или они потфрлија, ама искрено мислев дека ќе бидат пооптегнати и ќе ги пратат линиите на седиштата, плус ги одбрав и најскапите материјали као ај кад је бал нек је маскембал. Значи не дека се лоши сли мислев ќе се подобри. Нека издржат три четири години и ќе ги извадам, сега ептен летаат чоколади,сладоледи,смоки од децава, да пркнат малку и вадам навлаките, поубава е без навлаки.

Денес ставени ветробрани Хеко од Аутолукс, ми рекоа 24 саати да не ги отварам прозорите за да се залепат убаво и да легне кедерот, бидејќи сега на автоматски затварање го враќа прозорот како да има препрека иако е незабележителна.

Ајде сега малку за колата...
Колата е ФЕНОМЕНАЛНА, КОЛИШТЕ, комотна ептен, моторот е одличен (иако и појак не би одбил), очекував да е потврда, ама таа уствари е дури и мека ептен за возење. Без разлика дали е товарена, празна, угорница или удолница колата влече одлично. Малку е голема па некогаш маневрирање низ теесен простор знае да е проблем ама навика е.
Низ град незнам колку троши бидејќи скоро и да не се вози низ град, а на отворено од 5 до 5,5 по борд. Последниов пат по поминати околу 950 км, до Црна гора и назад покажа 5,4 на борд а 5,7 на пумпа, мада со оглед на тоа колку беше товарена и како беше возена низ Косово и Албанија, смешна е потрошњава.

После извозениве километри уште сто пати да бирам уште со пати истава кола ќе ја одберам.

Слики сега немам ама ќе ги сликам навлаките и ветробраните и ќе ги ставам, посебно ми се свиѓаат како легнаа ветробраните, како од фабрика вака да е излезена.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #39 на: 21 Јули 2017, 13:41:44 pm »
Ова со стопериве го имам читано и на други форуми за голф конкретно. Тоа кажува колку понекогаш дилериве се непрофесионални во својата работа, било овде или во Европа. Важно решен е проблемот.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #40 на: 21 Јули 2017, 14:31:48 pm »
Имам другарче што работи таму и он ми кажа дека голфовите, октавиите и сите останати доаѓале со по два стопери на амортизер, освен Пасатите и Супербите, тие доаѓале со по 4 на амортизер по еден плус горе над некоја пластика и еден доле (поима немам каде), е они по навика ги вадат по два од амортизер, ама тука останале уште по два, на онаа страна каде што имаше еден останато уште првиот ден после пар извозени километри се вратив и им кажав и го извадија, практично јас два пати за истото се враќав во сервис.

Иритира моментот дека уствари не е проблем, туку нестручни лица во овластен сервис прават да има проблем.

Дента кога ја средија мојата, донеле уште еден Суперб за истото, а две недели претходно од Ауди А8 им фрлиле ги клучевите, ќе настрадал вработен и направиле голем инцидент поради истиов "проблем", поради тоа што колата од салон одма тргнала на запад, и така ја возеле околу 5.000 км.

Нема везе, да се вратиме на убавите работи.

Се мислам какви бандажи да и земам за зимските гуми, дали да идам со 16ки алумински или челични, има време ама гледам по Србија се значително поефтини, па може да се прошетам до таму ако најдам солидни.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #41 на: 21 Јули 2017, 14:34:46 pm »
Не знам коклу ќе изгубиш на удобност со оние вентилатор дизајн 18 ките....
Стварно ја личи на нив....

М?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #42 на: 21 Јули 2017, 14:36:36 pm »
Не знам коклу ќе изгубиш на удобност со оние вентилатор дизајн 18 ките....
Стварно ја личи на нив....


М?
И ти ли сине Бруте?


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #43 на: 21 Јули 2017, 14:46:47 pm »
Пакуј ги овие за зима, 17-ки како и оригиналните и ич да не ти чуе  :)



https://www.felgenoutlet.de/de/alufelgen-reifen-komplettraeder/skoda-superb-limousine_vf_37_5809150_1_0/wheelworld-17zoll-grau-_ff_1_17/?possible_rim_id=7546&inch=17

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #44 на: 21 Јули 2017, 14:49:17 pm »
Не би идел на поголеми од овие, посебно не за зимски гуми.
А и искрено незнам дали ми се свиѓаат тие вентилатор бандажите, на плавкасто сива боја ептен убаво ми стојат ама на темна како мојата сум скептик, или пак можеби се навикнав на моите и како пакет со бојата на колата ептен убаво ми изгледаат.

Сепак би 16-ки за змиски, ќе видам прво Порше што цена ќе дадат па после ќе гледам по други места.