Фала на честитките, сите да си купите тоа што сакате.
После два дена со неа, колата дефинитивно не е за низ град, уствари не е за низ гужви, голема е и напорна, Аурисот ми е многу подобар за градско возење.
Ќе ја видиме на отворено како ќе биде.
@DENDE-LANCERED , регулар цена на возилото е 26.700 евра, јас ја земав некоја иљадарка подоле од тоа, доплатив и за дополнителна гаранција од уште 2 години.
Незнам колку беше доплата бидејќи оваа кола беше изложена во салон и ја сакав баш оваа одма, убаво изгледа лед ама верувај и вака има феноменални предни светла, има ауто опција на истите, итн итн... држач искрено не ми треба позади, ќе сликам и ќе видите зошто, јас позади имам две столчиња за децата, и целиот тој простор е организиран за нив да им е пријатно и удобно со играчки таблети, место за шишиња итн... идејата ми беше да земам возило во кое ќе имам место за сите потребштини на двајцата мој индијанци. Позади ретко кога ќе се качи да се вози возрасен а и да се качи ќе издржи без држач за рака.
@vlatko.klp , во салон ми рекоа дека можам одма да ја возам нормално, без пазење, али фала на сугестијата, и јас така и планирам, првите километри малку поумерен да бидам, мада возилово секако нема потреба да иде над 2000-2500 вртежи, цела работа си ја врши на ниски вртежи, во 6-та на 160км/ч е негде на 2300-2400 вртежи колку што можев да приметам првиот ден до Белви кога ја развозев.
Останатите, благодарам на честитките.