Колата е одлична за крузање, добар опис даде Велештрумф за Инсигнијата во некој негов пост, колава едноставно ги јаде километрите на отворено.
Пред некое време на враќање од Грција негде пред Велес, жена ми ми вика, абе некако многу брзо стигнавме и не се осеќам како да сме патувале. (А она е тотален лаик за коли, единствено по боја знае да ги разликува), или минатиот викенд машка екипа бевме до Црна гора и во Косово еден од другариве позади потстана и ми вика, што бе 180 возиш, мене ми се чини не повеќе од 100-120 км/ч.
Инаку според мене колата најдобро се однесува при крузање со брзини од 140 до 160 км/ч. Под тоа е малку и на нагорнини треба да враќаш во 5-та брзина за да имаш сила доколку е потребно, не дека не иде у 6-та а над тоа стварно нема потреба.
Имам пишано и претходно, низ град, посебно за паркирање на тесни паркинзи или бутање во гужви, колава е неупотреблива, не дека нема да ја паркираш или возиш само бара повеќе внимавање и маневрирање.