Потрошувачката ми е најнебитен фактор на мене.
Тишината, леснотијата со која колава круза ми е фасцинантна, 150 кс, али цело време има доволно сила да повлече кога треба, гумите ми се катастрофа па бев резервиран за повисоки брзини.
Потрошувачката ми е небитна, ама за тоа што го пружа е многу економична.
На истава релација пред неколку години правев стрес тест на Тојота Аурис 1,4 бензин. На излез од Белград ја наполнив до горе, и ја возев до трт, цело време до крај гаста, после 200 км потроши пола резервар, на ОМВ кај Алексинац на борд покажуваше 9,2, а на пумпа излезе 9,8 литра, ем бучно ем скапо ако споредам со Шкодава.