Суперб 2.2, 2.3? Да не си грешка нешто. Провери си убаво.
Толку е, 2,2 предните, 2,4 средно товарена, и фул товарена 2,7, јас ја возам на 2,2 до 2,3 за да ми биде помека.
Пред малку се вратив од кај Сервис Мето.
Проверена колата, се е како што треба и целото подвозје е со фабричките вредности. Ја проверуваше празна, па седнав јас на возачко да види како отварала предницата кога седнувам, па и он седнуваше на сувозачко да види како отвара со двајца напред итн итн... секоја чест и ОГРОМНА препорака за Мето позади Пелагонија студентскиот.
На крај после сите мерења и пробувања ми рече: "Јас на оваа кола и овие вредности нема ништо да чепнам дури и ти да сакаш"
Даден совет да ги ротирам гумите ако сакам да ги возам повеќе.