Сум те претркал во километри
Си возиш ти, нон стоп те гледам во различен дел од градов.
Околу 10.000 км годишно поминува колава, не ми треба за повеќе километри оваа кола.
Работата ми е на 10 мин пешки,надвор од работа најчесто сум на релација Ново Лисиче - Кисела Вода, или до Припор ако се качам ама се тоа е многу близу, кај близу па и тогаш возам точак, Тојота Аурис или Сузуки Целерио.
Да забележам, денес прв пат ми се појави дека треба да се чисти ДПФ филтерот. До денес изминати 24.200 км.
Последниве две недели ја возам на ептен кратки релации и цело време незагреана, многу пати ја прекинав регенерацијата (ја гасев колата).
Земав да се развозам до Петровец и уште на надвозникот во Автокоманда се изгаси знакчето за регенерација на ДПФ, па кога веќе тргнав продужив до Петровец и назад да го извадам лошото од неа.
Лошо што не еднаш си ја прекинал регенерацијата. Обично се осеќа кога е регенерација и направи еден круг со колата дур не заврши (10 мин работа макс).
Повеќе пати е прекинувана, не е еднаш, нема да ми се повтори

Само што ќе тргнам имам пит стоп градинка, после 500 метра пит стоп школо, и после километар веќе сум на работа, и се тоа треба да го направам во 10 минути, немам баш време да вртам кругови. стрелката за температура стои закована доле, не мрда а веќе сум стигнат на финиш
