СПОРЕД ИЗБОРОТ НА EUROCARBODY
Најдобра конструкција на каросерија има Hyundai i40
На овогодинешниот избор кој го организира EuroCarBody, организацијата составена од автомобилските добавувачи и индустриски експерти од целиот свет, престижната награда за „Најдобра конструкција на каросерија“ ја освои Hyundai i40.
Hyundai i40 беше во конкуренција со вкупно девет други автомобилски марки (Audi, BMW, Ford, Mazda, Mercedes-Benz, Nissan, Opel, Land Rover и Volkswagen), а со освоени 37,98 поени се најде пред моделите A6 на Audi и B-Class на Mercedes.
Според соопштението, жирито посебно било воодушевено од квалитетот и цврстината на челикот, како и подобрените споеви кои дале исклучителна цврстина на каросеријата, а мала маса.
Претходно, Hyundai i40 доби и максимални пет ѕвезди за сигурност од страна на EuroNCAP, a возилото важи за едно од најсигурните во класата.
Очигледно дека Корејците не штедат на материјали, ниту пак на опременост, а сето ова резултира со одлична продажба на европскиот пазар.
http://kajgana.com/najdobra-konstrukcija-na-karoserija-ima-hyundai-i40-------------------------------------------------------------------
Dali toa Hyundai e najdobar vo uste edna kategorija