Елантра не! Тогаш ќе ми треба дефинитвно многу повеќе простор. Згора на тоа нема да купам ганц-ново возило со сигурност, туку сочувано половно. Во наредниве 15 години треба да исплатам поголем кредит, а згора на тоа во наредниве 3 треба и да вратам поприлично пари кои ги должам. Во мојот случај додека не ги исплатам долговите купување на ново возило е тотална глупост и лудост.
Причините што ме наведуваат да мислам дека половен и40 ќе биде решение за мене се:
- тоа што е квалитетно возило кое како ново е релативно ефтино
- за 3 години цената му паѓа драстично
- ги исполнува критериумите на семејно возило за 2 возрасни особи со 2 мали деца
- ми се допаѓа
Елантра е помала од Маздата која во моментов ги задоволува потребите но мислам дека во иднина и таа ќе ни биде премала за да се спакуваме. Годинава имам извозено 20000 само со Маздата од кои над 12000 се на отворено - значи натоварени. и40 караван или нешто слично ќе биде солиден апгрејд во однос на просторност. Можеби половен и30 дизел постар од 2012, т.е. моделот кој допрва треба да излезе, ќе биде моето градско возило. И кога велам можеби одлучувачки фактор ќе биде цената и она кое ќе го најдам како половно возило. Се разбира дека во игра се сите квалитетни возила кои ќе ги најдам како половни за пристојна сума на пари. и30 и и40 за мене се само потенцијални опции за моите наредни возила подеднакво колку и повеќето возила од јапонски брендови и некои германски.