Да ти се намочам во државата во која трудни жени се бркаат од работа.
Да не збориме за оние кој работат 3-4 години по договор на дело, сироти док не добијат решение не ни помислуваат на дете.
Се е ова популизам, говнарска влада.
Жена ми кога дипломираше почнавме да бараме работа. Знаевем дека сакаме семејство, ама сакавме прво да се осигура таа со работно место, а нормално и заради екстра прилив, здравтвено осигурување, трудничко итн.
Сите можни банки ги свртевме, неколку фирми, сите можни тестирања ги поминуваше, сите можни интервјуа ги поминуваше се додека не дојдеше тоа крајното интервју за дефинитивна селекција (обично тоа го прави 3 члена комисија, еден од HR, еден директор и уште еден незнам кој).
И сите, без исклучок истиот одговор и го даваа: одличен кандидат си, супер ги помина тестирањата и на интервјуата оставаш солиден впечаток, ама млада си, мажена, утре ќе затрудниш и ќе избегаш на трудничко. П на колку треба да раѓа, на 35? Што ако е млада?
Ја осигурав преку мене и си одличивме дека е доволно со мојата плата да си гледаме дете. И така бидна првото, нит трудничко нит бутур. Така ние си сакавме, така направивме.
Пркна Марко, почнавме пак со барање работа, ама пак истото, само сега беше: едно дете а? Кај да е второ ќе сакаш така?
Ебате тоа капитализмот посран.
Видовме невидовме решивме и се договоривме да се вработи кај татко и. Татко и има отпад. Ја вработи за да има осигурување и да може да земе трудничко, затоа што сакавме второ дете.
Дипломиран маркетинг економист, со висок просек и препорака од најкатиљ професори на Економски и човек кој го разбира материјалот и реалноста, а не бубатор за оцена, заврши да работи на отпад.
Третото гратис дојде, повеќето веќе знаете. Изненадувањето беше огромно. Но ако ништо друго, нема некој друг мрсул да и каже: имаш две, а? Знаеш дека се сега во мода 3?
Три деца се супер. Ултра тешко и напорно и нервозно е. Поготово кога немаш кој да ти помогне, т.е. имаш само еднаш до двапати во неделата на по 2 саати.
Но, јас и жена ми никогаш не сме биле посреќни ниту поисполнети. Ги гледаш дома, трчаат, се тепаат, се смеат, плачат, растат. Али све тоа треба да го доживееш за да го разбереш, колку е само исплонувачки.
Супруга е пријавена на минималец и работи кај татко и на отпад. Пред да забремемени, за 6 месеци успеа да врати долг кој се влечкаше 2 години во фирмата. Успеа да врати задоцнети плати на работниците и да пбезбеди тендер за работа за една година унапред. Затоа си доби награда од газдата (татко и) и претпоставувам дека би добила во било која фирма. Сега почна повторно да оди на работа, па ќе видиме како ќе биде.
И не се плашете. Се гледаат 3 деца и фамилија и бензинец со помалку од колку што си замислувате. Се кратат некои привилегии кои сум/сме ги имале претходно, ама ништо нема да ја замени детската насмевка.
А ѓубрињава капиталистички нека си го носат парите во гроб. И нека носи владата закони кои само на хартија ќе важат.