Онак секоја чест за храброста и одлучноста. Ако ништо друго барем ќе можеш да кажеш дека си пробал.
Би сакал да повлечам една паралела за односот на "нашинците", конкурирав на еден онлајн оглас за работа од дома, продажба преку интернет конкретно се работеше за еден софтвер. Америчко работно време, 12:00-21:00, се представуваш како американец, работиш од дома. Платата беше солидна, околу 750$ + бонус, на тоа претходеше месечна платена обука 350$. Пратив CV до надлежните и идам на виртуелно интервју, он лајн. Од другата страна романец и македонка. CV-то им се допадна, квалификациите и слично ( ние балканците увек сме преквалификувани

) и доаѓа моментот на одлука. Романецот ми кажува дека е воодушевен од CV-то и од образованието, одлично го владеам англискиот и е разбирлив. Нашата се сложи со романецот но напомена дека акцентот ми е лош и ми препорача да гледам повеќе амерички филмови, на тоа романецов и реагира дека зборувам течно и дека јазикот е разбирлив и скоро да и нема двајца амери кој зборат ист англиски јазик. Сепак македонката остана на својот став и ми се заблагодарија, нејзиниот збор беше последен. Можеби од оваа перспектива така размислувам, можеби кога би бил од другата страна на барата би бил ист. Али секогаш ќе имам поголема доверба во свој човек него некој од филипини, казахстан или молдавија.