Да спомнав и патем мислев на твојот начин на изразување, од далеку се браниш а не дека ти се виновни или не знам што!
Не го разбрав делот со бранењето, ама нема везе, немам за што да се бранам, ама имам за што да напаѓам. А напаѓам затоа што ме нервира што за секоја една глупост која ќе се случи мора Цацко да биде крив, па се пуштаат муабети и шпекулации кои понатаму се злоупотребуваат за да се сценираат драми чија што крајна цел е нешто кое е на штета на животот во земјава и развојот на нашето општество. Преку к*р ми е секој трет или четврт ден да морам пола саат од денот да кружам во сообраќај низ централното подрачје во Скопје за да можам да си дојдам дома, преку к*р ми е од сиот спам на секаков пропаганден материјал за се и сешто од кој неможам да се скријам, преку к*р ми е од целиот хаос и неред кој се прави против моја воља за да се задоволат нечии суети и да се одработат некои гнасни предавнички задачи на штета на Македонија и македонскиот народ. Од таа појдовна точка преку к*р ми е и од ваквите рекла-казала муабети како на улица, така на работа, па така и овде. Ко луѓево едвај да чекаат нешто вакво да се случи за да има драма.
Сега наредно откако вештаците утврдиле дека не носел појас и дека од ударот во волан искрварил наредно е да се пуштат рекла-казала шпекулации дека претходно го удриле во гради, чекале да умре од крварење, му го искршиле џипот, го стаиле во џип и го фрлиле во провалија...