Во продолжение нема да пишувам за тоа како скопските девојки (повеќето од нив) "бркаат" само директори и политичари и како најбитната работа на светот им е да не им се скршат гел ноктите или да носат "марка" облека, купена со "нечии таму" пари.
Девојките од Скопје се , претежно , воспитани девојки, еманципирани, со добри манири и симпатични лица. Препознатливи се во друштво по својот шарм, умереност и , помалку, ладен однос, барем кога станува збор за момците. Она што "боде очи" , а не треба, е нивната елеганција. (не велам дека девојките од другите градови не се елегантни, но сега пишувам за Скопје). Врз основа на нивната појавност создаден е стереотип "скопска спонзоруша" , арно ама девојки склони кон полесна заработка има од сите краеви на Македонија.
Додека студирав една од моите пријателки беше по потекло од Кочани. Кога и да започневме дебата на темата за односот на скопјанките и нивните манири таа ги етикетираше како лесни девојки и се жалеше дека токму тие го започнале "најстариот занает" во Македонија. И не би било страшно доколку тоа е мислење само на поединци – проблемот е во тоа што постои општо мнение дека сите скопјанки се подли, итри и расипани, ги бркаат туѓите дечковцки и не ги засега ништо друго освен парите. За , жал , некои луѓе надвор од Скопје се водат според оваа предрасуда, па често можев да слушнам како ние сме се замислувале дека сме од големото "добро утро" и со потценување сме ги гледале луѓето од останатите градови. Не дека не постоии таква група девојки токму од Скопје, но таквите индивидуи јас милувам да ги нарекувам провинцијалци. Како и во другите градови, така и во Скопје, има космополити и провинцијалци. Човекот не се цени по потеклото туку според тоа со каква гордост го носи.
"Спонзоруши" има насекаде, ги имало и ќе ги има. Некого го натерала маката, а некого бесот и бессмисленоста на сопственото постоење. Тоа не е карактеристика на луѓе од еден град или една држава- тоа е мода помеѓу жените од сите класи, раси, општества и културолошки кругови.
Инаку терминот "спонзоруша" е културолошка кованица што семантички би се "деривирала" од именката спонзор. Сосема е илузорна и би ја сместила во групата на жарго лексиката. Тоа би значело дека овој термин реално, во речникот , не постои и служи за етикеција на одреден тип на однесување. (во овој случај легална кражба

). Не значи дека ако некоја девојка секогаш е елегантна и убаво нашминкана е спонзоруша. Не значи дека ако некоја девојка има послободен стил на однесување е спонзоруша. Не значи дека ако некоја девојка не се интересира за секое второ момче што ќе го види "се пали само на шушки" . Тоа значи дека се грижи за својот изглед, има изградено сопствен животен стил и се труди да го задржи своето добро име. А кога сме веќе кај спонзорушите тоа е нивни начин на живот, нивни начин на градење реноме и воопшто не треба да го засега надворешниот свет- изборот е лична работа и живееме под товарот на неговите плодови.
PS. Некаде прочитав податок дека најмногу "спонзоруши" , доселени во Скопје , се од градовите Штип и Битола. Пред да етикетирате некоја слатка девојка во автобус, кафуле или на работното место проверете го местото на раѓање во личните документи и подзамислете се за своите сограѓанки како што јас го правам тоа за моите.
Автор: Катерина Најдовска
Avtorot zaboravil da go spomne najlosiot vid sponzorusi: Mashki sponzorushi..a niv se poveke gi ima...i toa so skopsko poteklo.