Автор Тема: Bmw E39 528i  (Прочитано 95603 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #375 на: 18 Март 2019, 21:50:58 pm »
Мене липчето ми личи убаво на сликиве. Бандажите супер легнале!
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #376 на: 18 Март 2019, 22:10:07 pm »
Остај липот, таман си е.

Легнал таман, како баба у сандук.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #377 на: 19 Март 2019, 02:00:29 am »
Фалави на сите :)

Иначе поради пукнатината на ладњакот и покрај многу што ми рекоја да го залепам дека ќе држи, неми се ризикуваше па купив нов од кај @Prcot 4000 денари и 500 денари монтажа..
Се појави некое крцкање кога притискав кочници па испадна дека плочките се за менување, 1700 денари со се монтажа..

Редно беше некој "дефект" да јави.. Го купив со 282.000 а моментално после година и 2 месеци има 311.000...
« Последно менување: 19 Март 2019, 03:18:59 am Бузуки »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #378 на: 19 Март 2019, 07:48:57 am »
Odlicno bi em w. Edno od najubavite modeli. Edino ama moze i mene mi e tersene vkusot ama na prvata slika tie bandazi mi se poubavi nego na dolnata slika. Vaka kako sto e sega e super nisto ne vadi i ne dodavaj.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #379 на: 19 Март 2019, 15:37:28 pm »
Фалати.. Иначе не си прв што ми рекол дека предходните беа поубави... Али штознам многу е фабрички некако како за понова кола направени..Сега се возат на бмв 1, му стојат многу поубаво него ли кај мене... Башка што беа со големо ет па имаше и дистанцери кои пред 1 недела ги продадов 130 евра, така да ладњакот и плочките без пари ми се :)

Иначе во иднина само мултимедија како фабричката би додал пошто сега не е нај нај со адаптер и 2 дин радио.. Али неможам да најдам со добра цена.. Испод 300 евра нема..

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #380 на: 19 Март 2019, 16:25:51 pm »
Ќе го продадеш твојто 400€ и че си купеш за 300€. 😁

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #381 на: 26 Март 2019, 23:34:21 pm »
Еве дечки проблемот што пишав пред некое време.. Во лер кога е пуштен кумплугот јавува некој звук, со 2/3цм притискање малку повеќе се појавува и више до крај кога ќе притиснам се губи звукот.. А инаку нема никакво тресење во место или па на тргнување... Што можи да е ? Друк лагер, замаец, потисна ?

Еве едно видео, се слуша убаво како тропка..

« Последно менување: 26 Март 2019, 23:41:48 pm Бузуки »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #382 на: 26 Март 2019, 23:40:32 pm »
Личи на друк лагер. Ама нека ја чуе мајстор... Пошто дијагостика на форум и на интернет ти е еднакво на:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #383 на: 27 Март 2019, 00:22:09 am »
Од твоето видео слабо слушам или е друг звук во прашање, не сум сигурен.
Звукот од ова видео (не е мое) ми го вади кумплугот уште од лани (Мај 2018) кога ја земав мојата 318D (Е90) и ако се расчиташ по коментарите на видеото ќе разбереш дека тоа е "a BMW thing". (истиот муабет го прочитав и на e90post форумот)


Исто и јас се замарав многу на почетоко, иритираше, ама со тек на време почнав да не го осеќам. Обично се појавува кога е топло, мислам дека зимата не го приметив.
Бев кај двајца механичари лани летото, и според звукот а и зафатот ($$$), можеш да погодиш шо ми кажаа - замаецо.   :D
Да напоменам, овој звук се појавува само во лер кога стискам кумплуг и при старт (прва/рикверц).

Баш ме интересира како ќе те испее механичарот. :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #384 на: 27 Март 2019, 01:17:00 am »
Личи на друк лагер. Ама нека ја чуе мајстор... Пошто дијагостика на форум и на интернет ти е еднакво на:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мислев да не имал некој сличен проблем па да ми кажи од искуство што можи да биди..


Од твоето видео слабо слушам или е друг звук во прашање, не сум сигурен.
Звукот од ова видео (не е мое) ми го вади кумплугот уште од лани (Мај 2018) кога ја земав мојата 318D (Е90) и ако се расчиташ по коментарите на видеото ќе разбереш дека тоа е "a BMW thing". (истиот муабет го прочитав и на e90post форумот)


Исто и јас се замарав многу на почетоко, иритираше, ама со тек на време почнав да не го осеќам. Обично се појавува кога е топло, мислам дека зимата не го приметив.
Бев кај двајца механичари лани летото, и според звукот а и зафатот ($$$), можеш да погодиш шо ми кажаа - замаецо.   :D
Да напоменам, овој звук се појавува само во лер кога стискам кумплуг и при старт (прва/рикверц).

Баш ме интересира како ќе те испее механичарот. :)
Па исто е како на видеото али кај овој на е90 бучењето го снемува кога го пушта кумплугот (само на малку притиснат се слушта)...
Плус кај мене е бензинец и е многу тивок моторот па ова доаѓа до израз повеќе... Инаку не дека ми пречи, нема никакво тресење или нешто, само ми е страв да не произлези некој поголем дефект или недај боже да ме остави на сред пат некаде...
Му спомнав на еден мајстор тука и уште не кажано ми вика замаецот е, имам половен исправен ако сакаш ќе го смениме..

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #385 на: 27 Март 2019, 02:05:47 am »
Му спомнав на еден мајстор тука и уште не кажано ми вика замаецот е, имам половен исправен ако сакаш ќе го смениме..

Па и твојот е половен и исправен. Кажи му ти на мајсторот дека таков имаш на колата. Твојот не е расипан. Функционира :D :D :D
A тој што си го има нека си го чува. Или во газ нека си го клај!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #386 на: 27 Март 2019, 07:47:11 am »
Еве дечки проблемот што пишав пред некое време.. Во лер кога е пуштен кумплугот јавува некој звук, со 2/3цм притискање малку повеќе се појавува и више до крај кога ќе притиснам се губи звукот.. А инаку нема никакво тресење во место или па на тргнување... Што можи да е ? Друк лагер, замаец, потисна ?

Еве едно видео, се слуша убаво како тропка..

Да не имаат мењач од југо бмвињата?
Така ми правеше југото. Сменија некаков лагер во мењачот.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #387 на: 27 Март 2019, 22:02:58 pm »
И јас мислам како Симо. Не верувам ова да е замаец. Ако е замаец по моја логика при пуштање на кумплуг од брзина во брзина би имало удар (неусогласување) или тресење. Знам така беше кај другар на е46ка.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #388 на: 27 Март 2019, 23:18:47 pm »
Да не мешате замаец со корпа (потисна)?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #389 на: 16 Април 2019, 02:05:58 am »
Друштво периодов све во очи ми паѓа разликата помеѓу задницата/предницата на колава.. Имам напоменето предходно.. Колава фабрички е излезена со М подвозје, спиралите (барем предните) се со 2 сиви точки (појма немам што означува).. Али најдов добри предни пониски спирали апекс па му ставив и се спушти прилично многу (ми фаќа на легнати)...
Е сега на мисла сум дали да ги вратам фабричките напред или па да му ставам пониски и позади..
Малку чудно ми делува асиметријата кога гледам, напред ми е многу ниска а позади многу висока, ете се гледа и на фотографијата..
Напред возам 235/40/18 а назад 245/40/18 али нема толкава разлика сепак..