Автор Тема: Bmw E39 528i  (Прочитано 95546 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Bmw E39 528i
« на: 24 Мај 2017, 02:34:04 am »
Како што е ред да го претставам ијас моето прво лично (и персонално  ;D )  возилце..

Bmw 528i E39 2000 година, мотор со два ваноси и поминати околу 280.000км.. Одлично е сочувано што стварно ме изненади, каросериски не е чукано не е префарбувано и нема никаде корозија едино ситни гребнатинки кои верувам дека повеќето со полирање ќе излезат.. Пред 4 месеци има монтирано плин (некој си итаљански) така да потрошувачката е смешна за вакво возило, прво пали на бензин па потоа на одреден обртај си превртува на плин.. Отворено со 500 денари врвам околу 210км со нормална вожња, додека низ град со 500 околу 150 километри (со клима).. 

Кожни спортски седишта со греачи
Спортско М подвозје
Ентериер М
Трокрак волан подеслив по височина и длабочина
Климатроник
Сончев кров
Алу бандажи (ваљда фабричкисе) со нови 235/40/18ки гуми
Борд компјутер
Електрика на сите стакла
Електрика и греачи на ретровизори
Фабрички паркинг сензори
Ксенон светла


Значи бмвто сега за сега ми е топ, премногу тивко (во потивка кола се немам возено) удобно и стабилно..
Во иднина планирам да му сменам некои полични фарови, да се затемни со некоја посветла фолија, некое минијатурно спољерче на гепекот и некое оргинално радио со навигација пошто вака со тоа адаптерот не ми е нај нај... А деновиве и ќе се полира целосно..
Едина мана е што задницата е малку пониска од предницата, некои викаат дека такво било спортското подвозје али појма немам..
Еве и некоја слика..









И за крај едно видео забрзување од 0-100..

« Последно менување: 26 Мај 2017, 22:00:33 pm Бузуки »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #1 на: 24 Мај 2017, 05:21:09 am »
Oф oф oф, тoп.
Сo здрaвје дa си гo вoзиш Бузуки!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #2 на: 24 Мај 2017, 06:04:02 am »
Puuu anasana edna od moite favorit autca. Otsekogas sakav vakvo ama od nekoj pusti strav od skapi delovi sum se otkazuel. Sozdravje da si go vozis bas me interesira impresii ponatamosni za nego.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #3 на: 24 Мај 2017, 07:28:29 am »
Фантастичен избор.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #4 на: 24 Мај 2017, 08:02:51 am »
Браво Бузуки.

Ти посакувам многу безгрижни километри, долги дестинации, плажи, сонце, море. Кај сакаш да се изнашеташ.

Мислам дека имаш best-buy избор направено за парите.

Уживај, и вози разумно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #5 на: 24 Мај 2017, 08:28:28 am »
Со среќа да се вози. Прописен избор на мотор. Ем плинче за економија ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #6 на: 24 Мај 2017, 08:44:17 am »
Само радио најди оригинал и не пипкај. Со среќа да си го тркалаш.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #7 на: 24 Мај 2017, 09:04:12 am »
Честито, безгрижни километри.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #8 на: 24 Мај 2017, 09:20:29 am »
Едина мана е што задницата е малку пониска од предницата, некои викаат дека такво било спортското подвозје али појма немам.
Задните амортизери ти се отидени, смени ги ќе ти се подобри уште повеќе вожњата
Еве ти сток радио https://www.facebook.com/groups/546545795436134/permalink/1373272829430089/?sale_post_id=1373272829430089
И ако не ти е тешко да ми кажеш дали ти тече од казанчето за сервото, немам сретнатно е39ка без тој проблем
Нека те служи уште 300к км ;)
Алу бандажи (ваљда фабричкисе) со нови 235/40/18ки гуми
Да ти беа фабричките од М пакет ќе ти ги украдев, овие ти се од е60 :D
« Последно менување: 24 Мај 2017, 09:35:12 am Klen »
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #9 на: 24 Мај 2017, 09:43:14 am »
Супер избор, можам да замислам како уживаш во вожња. Имав прилика да се возам неколку пати во вакво исто само 530д пред едно 5 години, останав без зборови.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #10 на: 24 Мај 2017, 10:36:02 am »
Браво Бузуки, супер количе, долго да те служи!
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #11 на: 24 Мај 2017, 11:23:14 am »
Честито, со здравје да се вози :)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #12 на: 24 Мај 2017, 11:51:36 am »
Честито лимузина! За убаво да те служе :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #13 на: 24 Мај 2017, 11:56:21 am »
Одличен избор Бузуки, да те служи без ниту еден проблем додека не го смениш за уште подобро и поново :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #14 на: 24 Мај 2017, 12:12:30 pm »
Со здравје да се вози @Бузуки, изгледа доста здраво и сочувано.