Од твоето видео слабо слушам или е друг звук во прашање, не сум сигурен.
Звукот од ова видео (не е мое) ми го вади кумплугот уште од лани (Мај 2018) кога ја земав мојата 318D (Е90) и ако се расчиташ по коментарите на видеото ќе разбереш дека тоа е "a BMW thing". (истиот муабет го прочитав и на e90post форумот)
Исто и јас се замарав многу на почетоко, иритираше, ама со тек на време почнав да не го осеќам. Обично се појавува кога е топло, мислам дека зимата не го приметив.
Бев кај двајца механичари лани летото, и според звукот а и зафатот ($$$), можеш да погодиш шо ми кажаа - замаецо.
Да напоменам, овој звук се појавува само во лер кога стискам кумплуг и при старт (прва/рикверц).
Баш ме интересира како ќе те испее механичарот.