Зеро..
За низ град би бил моторот...(Белви- Автокоманда -Ченто- Центар- Водно - Влае).
И стварно (првенствено) не е за мене, а ми изгледа како многу по исплатлива и по кул опција во споредба со второ половно возило -
плинаш- за иста намена.
Пред се од аспект на полагање, регистрација, потрошња, трошоци за оджрување, паркинг проблем на раб. место ....итд.
Јас отсекогаш возам скутер. Томос возев ко мал, па извозев еден Баотиан преку 30к и дојде ред за нешто ново, пошо толку беше со кинезот, дојде на ред акумулатор, ламела, клип, цилиндер итн и не вредеше веќе да се инвестира. Нема поента да повторувам колку практична работа се скутерите низ град, посебно за град ко СК, Зеро одлично го долови сето тоа. Колку и да сакаш возење во кола, на 35 С со колона во 16:30, ќе ти се одмили. Али ова важи за малите скутери по шасија. Со големи или пак некои ретро мотори, не можеш да се „пикаш“ низ гужва како со овие а со тоа ја снемува главната поента на 2 тркала.
Е сега, ризик е со културава наша на возење али се учиш. По мене, бар 10к км се доволни за да видиш што како функционира сообраќај од аспект на возач на 2 тркала. Генерално, курчење нема, пошо ти секогаш го јадеш. За опрема, кацига по мене целосна, муабет не праам колку е потреба,
На крај се подновив со половен Гарели ХО, 2 тактен, бел
http://www.bikez.com/motorcycles/garelli_xo_50_2010.php