Работата е што со А категорија како возач почетник можеш до 30кс првите незнам 2 години рецимо. Или една нема врска. Тука спаѓаат 125-250 кубици грубо.
Ако знаеш да менуваш брзини и да ти е како занимација треба да се види нешто од типот на 125 - CBR - CBF - YBR- YZF - RS4.
„Тоа што си голем“ - ако е 125 не значи дека е мал моторот, туку дека е спор. Напротив RS4 е поголем од поголемиот брат RSV4 на априлија, и го зборуваат како доста удобен. Како и да е. Поентата е што имаш прекрасен сајт каде можеш убаво да видиш тоа што во тој поглед би те интересирало.
http://cycle-ergo.com/ И убаво се гледаат и агли на кичма и агли на колена. Значи иако се конкуренти не значи дека се исти. YZF има ултра суперспорт позиција на седење која е посуперспорт и од R1. Од друга страна CBR е доста по исправен, полесен на дланките, подоле нозете, поголеми агли на седење и слично. Расчачкај сајтот има доста моторцикли.
И јас така меркам нешто, за здравје боже - ама е незибежно веќе во повеќето градови низ светов. Азија да не збориме. Еве го Солун до нас е фул оптеретен со мотори насекаде. Едноставно колите не одат низ град. Поготово ако треба нешто да вршиш на повеќе мста низ градот, готов си. Тоа си го прави населението. Како и да е, да не навлагаме.
Има карбураторски, и има инџекшн. Генерално ниџекшнот треба да се постабилни и за без замарање. А карбуратор си се покилави, ама па сам можеш да си штелуваш ствари. Имаш големина на бандаж, поголем комфор се добива со поголеми тркала. Тука скутери од 10-13инча јас искрено мислам дека се премали. Веќе 15ки океј, 16 супер, све над тоа одлично. Скутерите немаат брзини, немаат куплунг само врти и цепај. Тука се Beverly, Medley, Yamaxa N-MAX, Honda PCX итн.
Јапанските и познатите марки се најрилајабл условно кажано и немаат некој проблеми според корисничкава база. Е сега кинезиве и некои знаат да трошат 4-5 на сто. PCX е врвот на потрошња на скутери со стартстопови smooth тргање и слично и испод 2 би требало да е. CBF e тука некаде под 2, слично и останатите хонди и јамахи. Ем познати модели имаат многу форуми и искуства за евентуални заебанции и на што да се пази. И држат цена солидно, па продај го наредна година и изгуби 500-1000 евра max.
Заебанцијата со 125 е што се спори. 11 до 100. Ама тоа е затоа што 100 е веќе и максимална брзина. Многу поважно е 0-30 или 0-60кмч каде што и се вози 98% од времето низ град. И 0-10 за да се одлепиш на семафори да е што побрзо, а притоа да не излизгува и да си што е можно по стабилен.