Што мислите дека е најпаметен избор за движење низ Скопје и околината?
Kymco Agility city 125 ~1800 eur (Фини бајаги големи тркала, и одлична цена)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Piaggio Liberty 125 ~2300 eur (Убав бренд и дизајн - но малку помали тркала)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Honda CB125F ~2400 eur (Класика, но намалена практичност)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Yamaha MT-125 ~4200 eur (Мерак, но намалена практичност)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
KYMCO CK1 ~2400 eur (Ефтино)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Или нешто буџетско?
P.S.
Слабо читам по форумов, дури сега го видов ...
Од набројаниве ги имам возено во Грција првите два, со тоа што Пијаџото во 50 2Т варијанта. Уште од сега меѓу тие два можам да го пропорачам Кимко, баш го возев на Скијатос во 125 варијанта. Моторот има добра управливост, супер иде по кривини, моторот му е таман ко за 125. Е сеа не очекувај дека троши 2л на 100 км.
Другите модели веќе се друга класа. Како што кажаа клаберите, се зависи за што и каде ќе возиш. Од практичен акспект во комбинација со гратско возење, скутер ти е најпаметна варијанта. Од естетски се знае Јамаха МТ, али по мене не 125цц. Греота е тој мотор во таа шасија.
Патем, имаш положено за А категорија? Искуство претходно со скутер/мотор?
Доколку немаш, најдобро би ти било пополека да почнеш.... да видиш како возат говедава и вана бе бизнисвоман низ град, за да стекнеш искуство да предвидиш однапред кој каде ќе врти или што мисли да прави. Пошо на мотор најмногу го јадеш

Ако имаш, онда дали си возел мотор со брзини. Ако не, најдобро со некој постар мотор да почнеш додека го фатиш фатот. Бар така е муабетот на поискусните, Шо се вели со АПН4

Другар мој има Хонда скутер 150 цц. Претходно имаше Јамаха ДТ 125 една од најубавите во МК. Али си бараше редовно занимавање околку неа, до степен да стане механичар. Инаку отидоа парите по мајстори. Сега е пали-вози
