да. возач почетник си 2 години. ограничувањата беа во киловати.. мислам 35 дека беа. и исто како и за кола, несмееш после 22 до 06 да возиш...
чек малку на мотори форумот го има ова во тема... да го побарам ке го постирам...
едит...
го најдов, од болдираното натака е тоа што те интересира:
Во моментов ова е важечкиот закон:
Најрана возраст на која можете да извадите дозвола за управување со мопед е 14 години, на оваа возраст можете да добиете потврда од авто школа дека сте ги положиле тестовите и со тоа се здобивате со „М“ категорија, со која можете да управувате со велосипед со помошен мотор или мопед.
На 16 години можете да полагате за „А1“ категорија, возачка дозвола со која смеете да управувате со мотоцикл со зафатнина до 125 cm/3, а кога ќе наполните 18 години, оваа категорија автоматски преминува во „А“. Со префрлањето на категоријата од А1 во А сеуште немате право да управувате со мотоцикл чија јачина надминува 25kw, бидејќи следните две години сте „возач почетник“.
Секој возач кој за прв пат се стекнува со возачка дозвола се нарекува „возач почетник“. За мотоциклите ова е важно бидејќи законот предвидува неколку ограничувања во однос на она со што смеете да управувате. Првите две години откако ќе ја добиете возачката дозвола од „А“ категорија можете да возите мотоцикл со јачина до 25 kw, без разлика на зафатнината. Дополнително на ова, не смеете да управувате со мотоциклот во периодот од 23.00 часот до 05.00 изутрина. Додека сте возач почетник не смеете да управувате со мотоциклот со брзина поголема од 60 км/ч на јавен пат, 80км/ч на пат исклучиво наменет за сообраќај и повеќе од 100км/ч на автопат, а за возачите на велосипед со помошен мотор максималната дозволена брзина е 40 км/ч.
не било 35 туку 25 киловати. тоа со 35 киловати е предлог законот за новата возачка категорија за мотори А2...
едит бр. 2
еве за новата категорија А2, која ке се применува од 01.01.2017.. ама промените не се само за таа категорија туку сите категории трпат измени:
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е започната постапка за донесување на нов Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Според новиот предлог на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за мотоциклите ќе се воведе нова категорија A2. Промената на категориите која треба да стапи во сила од 2017 година е според следниот предлог:
Член 301
(2) Во категоријата „AM“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
(3) Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw исоодносoт на јачината на моторот и масата на возилото ненадминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
(4) Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
(5) Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.
Следствено, доколку поседувате некоја од наведените категории, ќе можете да управувате и со категориите под неа:
(19) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „А1“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“.
(20) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“, „A1“ и „А2“.
(21) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A2“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“ и „A1“.
(22) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“ и националните категории „Ф “ и „Г“.
(23) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ може да управува и со трицикли и четирицикли чија јачина на мотор не поминува 15 kw откако ќе наполни 21 година.
Член 272
(2) Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:
- 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“ и националните категории „Ф“’ и „Г“,
- 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“, „БЕ“, „Ц1“ и „Ц1Е“,
- 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“, „Ц“,„ЦЕ“,„Д1“ и „Д1Е“
(6) Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.
Според сегашниот закон најрана возраст за управување на мопед е 14 години, според новиот предлог тоа ќе биде 16 години, возраст на која може да се добие и А1 категорија. Новитет е А2 категоријата која ќе се издава на лица со наполнети 18 години, а целосната А категорија ќе може да се добие на 21 година.
Член 403
Запишувањето на категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ во возачката дозвола ќе се врши започнувајќи од 8 април 2017 година.
Од останатите промени издвојуваме:
Член 99
(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.
Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Претходно казната за не носење на кацига беше 35 евра или 15 казнени поени за возачот и 20 евра за совозачот
Член 341
(1)Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот кога:
- ќе ги затече возач да управува со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл и лицата кои се превезуваат и кои со себе не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.
и јас сум за поместување на старосната граница за добивање возачка. А категорија нај рано на 21 година, и сеуште си возач почетник, до 23 години, односно 2 години по полагање... исто така и измената дека од А1 во А категорија кога ке прејдеш, пак си возач почетник следните 2 години...