Врвот на одличната вечер беше мојата прва вожња со моторот на другар ми ... Honda CBR 1.000 FF

Значи не зборам за тоа дека ми била прва вожња со неговиот мотор ... туку општо за првпат во животот се возев на мотор.
И тоа не како за почеток да се провозам на некое послабо моторче, туку јас прво па мушко

од никакво искуство, директива се качив на машина на 2 тркала со 1.000 кубици и 130 коња ... ѕверка

Е сеа е најлудиот дел ... општо сум љубителка на брза вожња, обожавам и јас самата да возам брзо (некад и пребрзо) ... али луѓеее ова чувство што го доживеав вечерва, буквално никад не сум го доживеала.
Неможе со зборови да се опише тоа чувство, тоа може само да се доживее (кој пробал - знае), огромен адреналин и возбуда, додека ветерот директно со огрома брзина мава накај тебе (еве и у моментов целата се наежив од самото чувство) ... буквално чувството беше како да летам, со оглед на брзината која што воопшто не беше мала.
Одлична адреналинска вожња, во скоро 2 часот сабајле по Партизанска и Илинденска, кога се симнав од ѕверкава, буквално целата треперев од возбуда и огромен адреналин.
Али сепак незаборавно и прекрасно искуство, и уште милион пати би го повторила ова
