Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 466180 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55046
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #75 на: 20 Август 2014, 08:36:18 am »
Јас планирам да возам моторче во иднина само за да не плаќам паркинг.

Предностите на возење мотор не се многу, но ги има. Поминување на рампи за паркинг е јасен потег за мене, зошто не зафаќам место на кола. Ако сакаш да зафатиш, плати си. Ако нескаш да платиш ќе се паркираш во било кој простор кој нема да смета. Секаде има такви места за да го подоставиш моторот. А и нема многу моторои во ск па да се зафатени тие места.

На патарина не би застанал исто така, најверојатно. Повеќе зависи од личната благосостојба во моментот. А може и би застанал. Но, изборот за да платам или не останува кај мене. За разлика од со кола каде немаш избор. Кој како сака. Го гледам тоа како јадење пача, ретко кој ја јаде пачата, и ретко кој плаќа на патарина. Ама има луѓе што плаќаат.

Од друга страна возење споро по улици, тргање два саата, возење меѓу колони брзо, поминување на пешачки како пешак е тешка категорија на сељаштво. Зошто пречиш на другите. Во погорните случаи не пречиш, или не би требало да пречиш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #76 на: 20 Август 2014, 08:48:05 am »
Паркирање на рандом јавен простор каде што ќе можам да паркирам без да сметам на никого и нема на никого директно да му наштетам? Секако, ќе пракирам без да платам.

Во Рамстор, што знам, сељачки ми беше да влезам околу рампа и да паркирам во подземниот паркинг додека бркам работа да купам некои ствари. И така бесплатен е паркингот со над 300 денари сметка.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #77 на: 20 Август 2014, 08:52:38 am »
Паркирање на рандом јавен простор каде што ќе можам да паркирам без да сметам на никого и нема на никого директно да му наштетам? Секако, ќе пракирам без да платам.

Во Рамстор, што знам, сељачки ми беше да влезам околу рампа и да паркирам во подземниот паркинг додека бркам работа да купам некои ствари. И така бесплатен е паркингот со над 300 денари сметка.

Рамстор исто има сељачка политика... Два пати ми се случи да влезам, нема ниедно слободно место и да бараат да платам за паркинг за да излезам (и покрај што не сум успеал да паркирам). Нормално не платив, ама после губење време и објаснување со обезбедување (гледа дека сум влегол пред пар минути, гледаат дека нема ниедно слободно место и бараат да сепак се плати), и сељачко паркирање со 4 жмигавци за да може да се објаснам..

Рамстор си го бара да не им се плаќа паркинг ако се може

А за патарини не плаќање е скроз сељачки да не се плаќа... Поготово што тие пари треба да одат за одржување на патишта, градење нови и слично.. Ама треба...А кога ќе ми текне дека у ствари тие пари од патарини се користат за други цели, почнувам да мислам дека и не е така сељачки.. И покрај ова чувство јас си плаќам регуларно и паркинг и патарини.. Ама тоа дека сум глуп најверојатно..

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #78 на: 20 Август 2014, 12:03:26 pm »
Години ако не и децении наназад плаќаме патарини и уште плачеме за поубави патишта.

Патем, колку што имаме платено патарини, минимум 10 пати уште толку штета ни имаат направено патиштата на нашите автомобили, патиштата кои треба да светат од толку патарини на должен метар во едно гомно квадратно од држава.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #79 на: 20 Август 2014, 12:17:30 pm »
Дури не е ни до тоа проблемот. До ароганцијата е.

„Јас сум моторџија, нема да платам.“

Пувеж.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #80 на: 20 Август 2014, 12:20:42 pm »
Години ако не и децении наназад плаќаме патарини и уште плачеме за поубави патишта.

Патем, колку што имаме платено патарини, минимум 10 пати уште толку штета ни имаат направено патиштата на нашите автомобили, патиштата кои треба да светат од толку патарини на должен метар во едно гомно квадратно од држава.


И моментот што плаќаш патарини на секои 15 км :)

Тамам си почнал да возиш, оп Патарина. Ни наплаќаат дури и на оној магистрален пат што го водат како автопат (Тетово-Гостивар со дозволена брзина од 80 км).

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #81 на: 20 Август 2014, 12:28:12 pm »
Јас сум да се плаќаат пониски патарини за моторите, сепак помалце ги оптеретуваат патиштата од кола, исто како што кола помалце оптеретува од камион итн.

Кај нас мотори ретко плаќаат, во странство редовно плаќаат. Ако не морам да платам сигурно дека нема да платам, особено за ваков крш од патишта кои уште повеќе се осеќаат кога се вози мотор.

Зеро ти мислам дека си прв што со скутер платил паркинг некаде, освен во Јапонија двајца што имаат платено ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #82 на: 20 Август 2014, 12:52:02 pm »
Јас сум да се плаќаат пониски патарини за моторите, сепак помалце ги оптеретуваат патиштата од кола, исто како што кола помалце оптеретува од камион итн.

Кај нас мотори ретко плаќаат, во странство редовно плаќаат. Ако не морам да платам сигурно дека нема да платам, особено за ваков крш од патишта кои уште повеќе се осеќаат кога се вози мотор.

Зеро ти мислам дека си прв што со скутер платил паркинг некаде, освен во Јапонија двајца што имаат платено ;D

Исто има уште еден момент што ме нервира во Рамстор а и на други паркинзи.. Ти наплаќа паркинг, а редовно се случуваат обивања на возила. Бар да понудат колку толку безбедност на паркингот.. На мој пријател на пример дури гледал филм во кино, му го обиле возилото и му го украдоа службениот лаптоп.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3889
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #83 на: 20 Август 2014, 14:52:59 pm »
Јас околу 25.000км возев мотор што може да се вози по Автопатишта и само 2 пати иам патарина. Првиот пат кога минев, и еднаш полиција стоеше. И двата пати ме гледаа како идиот тие на патарина што работат така да после не плаќав зошто никој што беше со мене не плаќаше. А и со ваа состојба на Ве-Ск не гледам логика во плаќање на патарина било кола, било мотор.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #84 на: 20 Август 2014, 16:59:53 pm »
Јас околу 25.000км возев мотор што може да се вози по Автопатишта и само 2 пати иам патарина. Првиот пат кога минев, и еднаш полиција стоеше. И двата пати ме гледаа како идиот тие на патарина што работат така да после не плаќав зошто никој што беше со мене не плаќаше. А и со ваа состојба на Ве-Ск не гледам логика во плаќање на патарина било кола, било мотор.
тоа е тој момент за кој зборев претходно...

но некој како зеро не сваќа и неможе да го свати...

исто како и моментот дека и мотор и кола треба да плаќаат исто? зашто? зашто камионската патарина не ја спуштат колку за автомобил? еве возам и јас товарно возило т.е. комбе, кое реално нит е потешко нит поголемо од кола... зашто плаќам поскапа патарина? зашто со моторот да плаќам иста како за кола?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #85 на: 20 Август 2014, 17:11:16 pm »
Абе сваќаме сите дека никој не плаќа патарина, поентата е ВИЕ да разберете дека тоа е погрешно, а не да бркате оправдувања глупи тука. законот е закон важи подеднакво и за мене и за тебе (освен за слепите лица кои се ослободени од плаќање патарина) и треба да си плаќате и кога ќе ви го даде повратното ливче уште ке прашате "да не треба уште да платам"

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16733
  • Keep it 100
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #86 на: 20 Август 2014, 17:21:52 pm »
Мене па ме заболе тоа што не плаќаат патарина, до некаде и ми е мило што некоја група на возачи успева да ја избегне наплатата за возење по лоши патишта.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #87 на: 20 Август 2014, 17:31:41 pm »
Полицијава сега не е со патариниве така? Ако те застане, не ти бара фискална од платена патарина?
Пошто ако е така, за кој тасе да плаќаш (освен како што вика Банзаи, да се плаќа помалку).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #88 на: 20 Август 2014, 18:09:08 pm »
Јас околу 25.000км возев мотор што може да се вози по Автопатишта и само 2 пати иам патарина. Првиот пат кога минев, и еднаш полиција стоеше. И двата пати ме гледаа како идиот тие на патарина што работат така да после не плаќав зошто никој што беше со мене не плаќаше. А и со ваа состојба на Ве-Ск не гледам логика во плаќање на патарина било кола, било мотор.
тоа е тој момент за кој зборев претходно...

но некој како зеро не сваќа и неможе да го свати...

исто како и моментот дека и мотор и кола треба да плаќаат исто? зашто? зашто камионската патарина не ја спуштат колку за автомобил? еве возам и јас товарно возило т.е. комбе, кое реално нит е потешко нит поголемо од кола... зашто плаќам поскапа патарина? зашто со моторот да плаќам иста како за кола?

Сфаќа зеро, сфаќа, ама не се сложува со тебе, ниту пак со другите моторџии.

Законски, треба да платиш патарина. Ете, нека не биде иста со автомобилите (по логика помалку простор зафаќаш, помалку експлоатираш, итн), ама законски си обврзан да платиш патарина.

http://www.amsmspi.mk/mk/patarini_makedonija.asp

Ама од играње курташак, луѓето на мотори се навикнале да не плаќаат патарина, а тие што работат на патарини се одвикнале моторџиите воопшто да застануваат, не па да платат. A perfect circle of идиотизам.

Како што реков - заради тоа што сите го прават тоа, не значи дека е правилно. И не е.  Во најмала рака не е фер спрема другите учесници во сообраќајот. Гарантирам, гарантирам дека си изреагирал некогаш кога некој не платил патарина заради тоа што е џандар/поп/штоидае. Си рекол - ех, види го сељаков, ја вади значката на патарина.

Истата работа.

И конечно - сфаќа и сваќа се две различни работи.

Едит: Казната за неплаќање патарина е 200 евра. Баш би сакал да контролира полиција малку повеќе. Да се навикнете да плаќате, како што сте се одвикнале.

Реков.. Ај во Германија не плаќај патарина да те видам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6838
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #89 на: 20 Август 2014, 19:15:59 pm »
Vo germanija nema patarina