Нигде не пиши така во предлог законот што помина
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА
ПАТИШТАТА
Член 1
Во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на
Република Македонија“ број 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и
Службен весник на Република Северна Македонија број 302/20, 122/21, 33/24, 208/24,
193/25, 258/25 и 58/26), во членот 301 по став (23) се додава нов став (24) кој гласи:
„(24) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ има право да
управува и со мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ чија работна
зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од
11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg,
откако ќе наполни 23 години, поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од
категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часа сообраќајни правила и прописи за
управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука), само на територијата на Република
Северна Македонија.“.
Ставовите (24), (25), (26), (27), (28), (29) и (30) стануваат ставови (25), (26), (27), (28),
(29), (30) и (31).
Член 2
Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење
на евиденција за издадени потврди за посета на 4 часа сообраќајни правила и прописи за
управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука) од членот 1 од овој закон ја пропишува
министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој
закон.
Автошколата ја издава потврдата за посета на 4 часа сообраќајни правила и
прописи за управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука) од членот 1 од овој закон
и го известува Министерството за внатрешни работи кое води посебна евиденција.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Северна Македонија“.