Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 616216 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3795 на: 24 Април 2026, 12:56:23 pm »
Баш така, го купуваш фабрички како што е и му монтираш најголем цилиндар што пасува. Јас имав 50ка направена 80цц и 125цц со цилиндар за 150цц, кој ќе знај освем ти и мајсторот.
Не не, ништо не му монтираш ти или фирмава шо ги увезува. Од таму се така. Од фабрика. Само во документи се водат како 50цц.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3796 на: 24 Април 2026, 13:08:22 pm »
Од фабрика не вервам да се така, ама нашите продавници т.е.нивните сервисери ги преправаат и ти го кажуваат тоа уште пред да купиш. За од фабрика така донесени не сум слушнал.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6292
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3797 на: 24 Април 2026, 14:20:32 pm »
125ки се тие како Shineray и останати поголеми на изглед, оние како Томовчиња од Migliori со потанки гуми и алуминиумски бандаши се 110цц.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3798 на: 24 Април 2026, 14:50:44 pm »
Gusite agv-r, x и grace се 50ки пишани со по 13л резевар :)
Не знам како поминваат легално како 50цц. Се гледа машина ауспух големи како на 175цц. Се изнакупва народ употребливи веспи шо се трајно регистрирани ко 50цц.

Проблем би било ако имат собраќајците кај нас мобилен вајлак па да изметрат реално колку му е силата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3799 на: 24 Април 2026, 15:23:20 pm »
Тоа лесно се докажува не мора ваљак,али како е можно да се убезе тоа легално,царини хомологира.Некому за ситна глупост душа ќе му извадат,кога ќе ми текни тоа копилето Соколов колку народ ѓнавеше за какви глупости,овие мајка Ферари царинат како АПН6.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 976
  • The best or nothing.
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3800 на: 24 Април 2026, 15:26:38 pm »
Тоа лесно се докажува не мора ваљак,али како е можно да се убезе тоа легално,царини хомологира.Некому за ситна глупост душа ќе му извадат,кога ќе ми текни тоа копилето Соколов колку народ ѓнавеше за какви глупости,овие мајка Ферари царинат како АПН6.

Нема кој не го знае во државава.  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3801 на: 25 Април 2026, 07:27:00 am »
Небитно е, веќе сите 125 може да возат. Понудата за 125 очекувам да порасне енормно. И треба

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2009
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3802 на: 25 Април 2026, 10:59:32 am »
Небитно е, веќе сите 125 може да возат. Понудата за 125 очекувам да порасне енормно. И треба

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Битно е и тоа како, дали ќе плаќаш секоја година по 3000ден за регистрација или ќе поминуваш со 800ден само за осигурување. Тоа е предноста од сламиот старт, не беше категоријата во прашање.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6292
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3803 на: 25 Април 2026, 16:22:18 pm »
Плус не ти треба зелен за 50ка :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7237
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3804 на: 25 Април 2026, 16:32:30 pm »
Со 50цц не смееш на автопат а за регионален не сум сигурен.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3805 на: 25 Април 2026, 16:37:11 pm »
Со 50цц не смееш на автопат а за регионален не сум сигурен.

Исто така и 125цц ако се вози со Б категорија, не смее на автопат. Со А1/А2/А категорија нема гајле

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3806 на: 25 Април 2026, 21:07:50 pm »
Со 50цц не смееш на автопат а за регионален не сум сигурен.

Исто така и 125цц ако се вози со Б категорија, не смее на автопат. Со А1/А2/А категорија нема гајле
Од каде е ова?

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3807 на: 26 Април 2026, 00:54:44 am »
Со 50цц не смееш на автопат а за регионален не сум сигурен.

Исто така и 125цц ако се вози со Б категорија, не смее на автопат. Со А1/А2/А категорија нема гајле
Од каде е ова?

Sent from my SM-S938B using Tapatalk



Од новиот закон за 125цц. Со Б категорија можеш да возиш 125цц, строго автоматик, со најмалку 5 години искуство во Б и никако на автопат.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3808 на: 26 Април 2026, 08:25:26 am »
Нигде не пиши така во предлог законот што помина

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА
ПАТИШТАТА
Член 1
Во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на
Република Македонија“ број 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и
Службен весник на Република Северна Македонија број 302/20, 122/21, 33/24, 208/24,
193/25, 258/25 и 58/26), во членот 301 по став (23) се додава нов став (24) кој гласи:
„(24) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ има право да
управува и со мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ чија работна
зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од
11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg,
откако ќе наполни 23 години, поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од
категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часа сообраќајни правила и прописи за
управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука), само на територијата на Република
Северна Македонија.“.
Ставовите (24), (25), (26), (27), (28), (29) и (30) стануваат ставови (25), (26), (27), (28),
(29), (30) и (31).

Член 2

Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење
на евиденција за издадени потврди за посета на 4 часа сообраќајни правила и прописи за
управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука) од членот 1 од овој закон ја пропишува
министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој
закон.
Автошколата ја издава потврдата за посета на 4 часа сообраќајни правила и
прописи за управување со мотоцкл до 125 см³ (теоретска обука) од членот 1 од овој закон
и го известува Министерството за внатрешни работи кое води посебна евиденција.

Член 3

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Северна Македонија“.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7106
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3809 на: 26 Април 2026, 08:46:45 am »
Јас ова го имам најдено



Бараат над 35 kw за да се смета моторцикл како моторно возило за да смее на автопат, ама минимум 60 км/ч да развива возилото (а 125ка сигурно оди над 60)

Од друга страна Застава 750 со 18 kw смее по автопат, а за моторцикл бараат силата да му е 35 kw.

Тотална каша попара.