Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 520715 пати)

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3570 на: 01 Јули 2025, 11:29:57 am »
Тоа не беше борба за победа тоа беше борба за вечност. Роси и Лоренцо ни подарија момент што не се заборава. Каталуња 2009 срцето памети она што умот не може да го опише

https://www.youtube.com/watch?v=hXQVDerfzUU

Отсутен antoniovas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3571 на: 01 Јули 2025, 17:25:24 pm »
Здраво дечки, нов сум во светот на моторите, месецов почнав да возам и имам неколку прашања:

1. Дали користите заштита за уши (earplugs) на долги или пак и на пократки релации, и ако да тогаш кој тип?
Ме интересира каде можам да набавам 3М earplugs или пак исто така размислував за Alpine MotoSafe.

2. Колку е стриктно во државава да имаш хомологација за афтер-маркет издув?
Моментално ми стои оригиналниот издув, но звукот воопшто не ми се допаѓа, па размислував за некоја поевтина опција, секако со db killer.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3572 на: 02 Јули 2025, 04:53:02 am »
Jas imam kupeno earplugs i gi nemam koristeno 🤣
Godinava gi kupiv i nemam fateno nekoja podalecna tura da vozam

Gi kupiv na amaz barav nekoi midrange so cena.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3573 на: 02 Јули 2025, 10:24:18 am »
Јас некна со отворена кацига тргнав за Ск, зажалив, мислев таму да влезам во некоја аптека да побарам, ама се заакав со обврски и заборавив. За назад пак патев. Дајте линк нешто, сакам да земам и јас


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3574 на: 02 Јули 2025, 10:35:52 am »
јас од Хубо имав земено за граџевинство ама ги немам пробано ;D

кај нас сеуште не дошло на ред хмологација на афтер-маркет издув
но, во странство може да ти направат проблем

во некои држави стои запишан во сообраќајна
она што е потребно, е да го имаш катрончето дека тој издув е хомологиран за тој мотор и секако да го возиш со дб килер

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3575 на: 02 Јули 2025, 10:53:46 am »
Здраво дечки, нов сум во светот на моторите, месецов почнав да возам и имам неколку прашања:

1. Дали користите заштита за уши (earplugs) на долги или пак и на пократки релации, и ако да тогаш кој тип?
Ме интересира каде можам да набавам 3М earplugs или пак исто така размислував за Alpine MotoSafe.

2. Колку е стриктно во државава да имаш хомологација за афтер-маркет издув?
Моментално ми стои оригиналниот издув, но звукот воопшто не ми се допаѓа, па размислував за некоја поевтина опција, секако со db killer.

1. Да, на подолги релации или било каде кај што очекувам да возам над 70-80km/h, обавезно. Ако сум сам на мотор, возам со AirPods Pro ставени на noise cancelling. Ако сум со уште еден, земам од аптека чепчиња за уши, преферирам пенаста гума ама и силиконските не се лоши. Засега сум немал проблем, иако имај на ум дека надвор од град возам со прилично тивка кацига. Alpine MotoSafe се солидна опција, имам и другарче шо си купи Loop, и тие наводно не се лоши.

2. До пред скоро не правеа проблем за издуви, ама минативе неколку месеци ја затегнаа работата. Лани возев со Akrapovic без катализатор, без db killer, ме застанаа 2-3 пати и никој не спомна ништо за издувот. Годинава од пријател на технички во Охрид дознав дека по 3-4 мотори дневно им праќале за вонреден технички, генерално ради издувите. Јас си го вратив db killer-от, моментално е на 90dB на 5,000rpm, а пропишано за мојот мотор е 96dB на 5,000rpm, така да е комплетно легален. Помагат и фактот шо не возам ко сељак во градски услови.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3576 на: 02 Јули 2025, 14:35:07 pm »
Јас мојот го демонтирав и го вратив фабричкиот минатата недела. 88децибели е на плочката фабрички, нема како со афтермаркет да се постигне тоа. Не ми се ризикуваше да ми го земат и да дреме пред  станица 3м и потоа да си вратам дома остатоци од мотор. Брчеше перфектно, но што е тоа е…


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен antoniovas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3577 на: 02 Јули 2025, 19:48:05 pm »
Кај мене оригиналниот е 65db, не знам како е тоа можно...  :'(

Фала на сите за одговорите, баш ќе побарам по аптекиве чепчиња за уши, имаат поголеми пакувања претпоставувам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3578 на: 03 Јули 2025, 09:29:34 am »
Tie od apteka ne vrshat bash rabota.

Edno vreme koristev Wurth ili 3M onakvi za edna upotreba isto kako da nemav nishto vo ushi

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3579 на: 03 Јули 2025, 12:22:10 pm »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3580 на: 03 Јули 2025, 13:14:29 pm »
А интермецо и слични дувла на дрога и проституција што терирозираат народ со бучава години и години уназад, не може да го средат а?

Барав но не најдов официјален документ закон/акт/указ било што, за дозволена бучава на моторни возила? Ако некој има инфо, нека сподели.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3581 на: 03 Јули 2025, 13:58:26 pm »
А интермецо и слични дувла на дрога и проституција што терирозираат народ со бучава години и години уназад, не може да го средат а?

Барав но не најдов официјален документ закон/акт/указ било што, за дозволена бучава на моторни возила? Ако некој има инфо, нека сподели.
1. Закон за заштита од бучава во животната средина
Службен весник на РМ бр. 79/07, 124/10, 47/11, 163/13 и 44/15

Член 4: Заштитата од бучава се обезбедува преку утврдување на гранични вредности на ниво на бучава во одредени зони (станбени, мешани, индустриски итн.).

Член 11 и 12: Општините се надлежни да донесат одлуки за временски ограничувања и да постапуваат по пријави.

Член 28: Граѓани може да поднесат претставка или пријава до инспекција за прекумерна бучава.
2. Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
(Службен весник на РМ бр. 169/15 и измени)

Член 282 и 285: Забрането е користење на технички неисправно возило или возило што предизвикува прекумерна бучава.

Модифицирање на издувниот систем (ауспух) на начин што ја зголемува бучавата, е казниво.

3. Закон за прекршоци и Закони за јавен ред и мир
Може да се примени за поместување на јавен ред, особено ноќе, преку:

казни за вознемирување на граѓани,

нарушување на ноќен мир (од 22:00 до 6:00).

Што е право – право! Подитно мора да се среди тоа урлање со моторите!

Можам се да разберам – океј, возиш мотор, треба што повеќе мотори да има на улиците, мото културата да се развива, особено во пролет и лето – побрз проток, поефикасно движење. Супер. Поддржувам.

Но ова што се прави со модифицирани ауспуси, со тоа урлање, тресење на улици, згради и уши – тоа е терор, не моторизам!

Не се работи за возење, туку за дивеење, сељачење и демонстрирање фрустрации. Да се монтира ауспух што вришти како авион на полетување, во станбена населба, или било каде по патишта небитно во 1 часот по полноќ  среде бел ден или било како – тоа не е слобода, тоа е напад врз здравјето и нервите на народот.

Не казна – јас би му забранил да седне на мотор на таков моторџија би му го завртел увото  наслони го до ауспохот и давај гас!! до крај да види дали му е убаво давај гас додека не оглуви, па нека знае за друг пат како треба да се однесува во цивилизирана средина. Ова мора да се санкционира и сте такви идиоти треба да се санкционираат ,скутери,мотори се живо.

Немам ништо против моторџиите – имам против дивјаштвото кое се глуми дека е култура. Ама не е. Има да има ред – или нема да ги има по  улиците крај на приказната.



Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3582 на: 03 Јули 2025, 14:05:29 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3583 на: 03 Јули 2025, 14:26:56 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.

Максимално дозволено ниво за мотоцикли: 78 dB(A) (без оглед на времето од денот)

https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B8%D0%B1%D0%B5/?utm_source=chatgpt.com
Од Министерството за внатрешни работи велат дека луѓето што возат мотори со брзина над дозволената, не само што ги прекршуваат сообраќајните правила за ограничување на брзината, туку ги нарушуваат и јавниот ред и мир со механички извори на врева. Законското ограничување за дозволена бучава изнесува 78 децибели


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3584 на: 03 Јули 2025, 15:00:55 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.

https://aspi.mk/

Овие треба да дефинираат и да имаат правилник за сè.
За бучава на кафичи, дискотеки, возила, светлина на билборди, улични сијалици итн.

Не си ја работат работата воопшто.