А интермецо и слични дувла на дрога и проституција што терирозираат народ со бучава години и години уназад, не може да го средат а?
Барав но не најдов официјален документ закон/акт/указ било што, за дозволена бучава на моторни возила? Ако некој има инфо, нека сподели.
1. Закон за заштита од бучава во животната средина
Службен весник на РМ бр. 79/07, 124/10, 47/11, 163/13 и 44/15
Член 4: Заштитата од бучава се обезбедува преку утврдување на гранични вредности на ниво на бучава во одредени зони (станбени, мешани, индустриски итн.).
Член 11 и 12: Општините се надлежни да донесат одлуки за временски ограничувања и да постапуваат по пријави.
Член 28: Граѓани може да поднесат претставка или пријава до инспекција за прекумерна бучава.
2. Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
(Службен весник на РМ бр. 169/15 и измени)
Член 282 и 285: Забрането е користење на технички неисправно возило или возило што предизвикува прекумерна бучава.
Модифицирање на издувниот систем (ауспух) на начин што ја зголемува бучавата, е казниво.
3. Закон за прекршоци и Закони за јавен ред и мир
Може да се примени за поместување на јавен ред, особено ноќе, преку:
казни за вознемирување на граѓани,
нарушување на ноќен мир (од 22:00 до 6:00).
Што е право – право! Подитно мора да се среди тоа урлање со моторите!
Можам се да разберам – океј, возиш мотор, треба што повеќе мотори да има на улиците, мото културата да се развива, особено во пролет и лето – побрз проток, поефикасно движење. Супер. Поддржувам.
Но ова што се прави со модифицирани ауспуси, со тоа урлање, тресење на улици, згради и уши – тоа е терор, не моторизам!
Не се работи за возење, туку за дивеење, сељачење и демонстрирање фрустрации. Да се монтира ауспух што вришти како авион на полетување, во станбена населба, или било каде по патишта небитно во 1 часот по полноќ среде бел ден или било како – тоа не е слобода, тоа е напад врз здравјето и нервите на народот.
Не казна – јас би му забранил да седне на мотор на таков моторџија би му го завртел увото наслони го до ауспохот и давај гас!! до крај да види дали му е убаво давај гас додека не оглуви, па нека знае за друг пат како треба да се однесува во цивилизирана средина. Ова мора да се санкционира и сте такви идиоти треба да се санкционираат ,скутери,мотори се живо.
Немам ништо против моторџиите – имам против дивјаштвото кое се глуми дека е култура. Ама не е. Има да има ред – или нема да ги има по улиците крај на приказната.