Ги земав овие ракавици од Динамикс https://seventy-70.com/en/producto/men-gloves-sd-c8/, супер сум задоволен сега за сега, доволно вентилација имаат и за на топлото пред некој ден.
Следно у план е јакна, па барам предлог/совет некој да сподели?
Размисли за материјал. Сакаш кожа или текстил? Наредно, размисли за сезона. За Скопје и околината веројатно и со летна јакна со шушкавец постава си таман. Ако сакаш да возиш и на ладно, тешко дека ќе поминиш со една јакна, размисли за комбинација од две.
Ко ќе имаш слика каква јакна сакаш, види си го буџетот. Ако не си ограничен со буџет (читај, не ти е проблем над 250-300 евра), би гледал Dainese и Alpinestars. Ни едните ни другите не би ги купил од кај нас, дерат со цени. Пробај Dainese во Dynamix или AllElectric чисто за големина, или Alpinestars во MotoAzzuro, и нарачај си од надвор (FC Moto имаат испорака до МК, рачунај 30тина проценти давачки за увоз).
Ако сакаш нешто поефтино, Rev'It имаат сосем солидни јакни, ги имаш во Солун во Мотомаркет. Супер цени, се наоѓат моделче за сечиј вкус, и се шо сум возел (и шо возеле блиски) од Rev'It се покажало од аспект на квалитет.
Локално имаш поефтино Nordcode и LS2, со нив немам искуство.
Јас возам
Dainese Laguna Seca 3 D-Dry во ладни услови и
Alpinestars Viper V3 Air на потопло. Двете би ги препорачал, немам забелешки ни за едната ни за другата, феноменални јакни под услов да ти се бендисет како модели, и секако да ти влезет во буџетот.