Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 451573 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3255 на: 28 Март 2024, 12:23:52 pm »
Да си останам на зборот, вчера го зедов моторот од Скопје и го извозев до Охрид. По пат, иако влажно на места, и иако не беше баш идеална температура, поминав феноменално.

Одлична позиција на седење, многу удобен и благодарение на визирот напред, до кај 130-140 е поднослив на автопат. Над тоа е веќе holding on for dear life муабет, ама очекувано за naked. Во кривини е прекрасен, иако не сакав да го притискам пошо беа лоши услови а и не го знам моторот уште. Страв ми беше за звукот ради ауспухот, ама на пониски обртаи не е вулгарно гласен, шо ми се бендисвит многу. Не сум фан на прегласни мотори шо вриштет за внимание.

Претходниот сопственик очигледно многу си го сакал, сменет е ауспухот со Akrapovic Racing Line од грана, направен е ECU flash и ставен е спортски филтер, со шо крајната снага е околу 127 коњи на тркало, или околу 140-142 горе на машина. Солидни 15% над фабрички декларираните 118 коњи на машина. Покрај то, на моторот најдов точно една гребнатинка шо едвај се приметвит, инаку е козметички во одлична состојба, дури и резервоарот го исполирал.

Во догледна иднина немат да менувам ништо, јуни имам мал сервис и регистрација, и евентуално тогаш би сменил и гуми. Моментално е на Dunlop SportSmart TT со поминати 600-650км, шо е супер тркачка гума ама е возена на стаза и странично не е во најсјајна состојба. Можда би ставил Pirelli Diablo Rosso или Rosso Corsa, ќе видиме.

Се на се, презадоволен сум, на хартија ми изгледаше ко совршен избор, после поминати 250 километри со него, и во возење испадна таков. Еве едно-две сличиња после брзинско чистење, и една со Honda-та, која патем замина кај новиот сопственик вчера.

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3256 на: 28 Март 2024, 14:07:50 pm »
@fuzzjaw со здравје да се вози! вакво нешто ретко се начекува, па кога ќе можеш да не почастиш и со едно видео да го чуеме!

Да протнам и едно прашање врзано со патот до Охрид, сеа во Април сум на суд во Охрид ради казна со кола минатата година, па мислев да се пробам прв пат на подогла релација со мотор...ме загрижува само делот кај мостовите пред и после стража, пошто асфалтот е насобран ко тепих...се осеќа многу? пролизгува ли и со која брзина ги поминуваш?  Глупо прашање и доста почетничко ама нема да штети совет плус си викам...
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3257 на: 28 Март 2024, 15:30:09 pm »

Фала ти. Викендов ако сум во можност ќе ставам едно микрофонче позади и ќе снимам :)

Инаку, за патот, Стража не е страшна, мостовите се заебани само на почеток и крај кај шо се тие металните одводи, инаку се супер. Поголем проблем е Пресека, таму е поизгужван асвалтот и имаш подлабоки бразди. Би ти рекол само полека и без нагли потези, гледај ако мојш да не пропадниш во браздите кај шо поминале камиони/автобуси, држи се или во лева лента (нагоре) или на средина на лентата (иако ова не е секогаш најпаметна идеја).

Исто, како алтернатива, мојш и место преку Стража, да се качиш до Маврово и да се вратиш преку Дебар. Маврово - Дебар е тазе среден патот, супер е за мотор и немат премногу сообраќај, а од Дебар до Струга ќе си возиш полека пошо имат незгодни кривини и уште понезгодни возачи.

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3258 на: 28 Март 2024, 16:21:38 pm »
@fuzzjaw Ваква алтернатива ми требаше, помалце сообраќај таман за прва вожња, па ако соберам муда на враќање ќе и писнам на Пресека...фала ти ептен!
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3259 на: 28 Март 2024, 16:43:06 pm »
Честитки, се мислам да го однесам мојот инда доплатам за 09, многу го сакам. Еве ти препорака за профи официјален сервис и добри тјунери се.

https://www.instagram.com/per4mance76?igsh=MTFwbnVqczN4NGlvdw==

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3260 на: 28 Март 2024, 20:00:49 pm »
Направен е веќе ремап, негде во Грција ама не знам точно каде. Можда и кај овие бил, ќе те излажам.

Инаку, разликата од 07 до 09 е драматична во најмала рака. Сега имаш и нова генерација од 09, сигурно ќе скокнат и цените малку ама се прилично интересни, ставија и темпомат во основниот модел, напукан е со електроника, позицијата е малку поагресивна. Ако ти прифатат Moto Azzuro старо за ново ... :D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3261 на: 28 Март 2024, 20:13:51 pm »
Македонски темпомат за мотори 😊.
400мкд.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3262 на: 28 Март 2024, 20:36:11 pm »
Konecno stigna Benelli Trk 702x, vcera go zemav i brzanje celo vreme ne stignav da napravam nekoja dobra slika. Za 1 den 60 km pominati niz Skopje za vozenje lesen. Ne e bas za skopskive guzvi ama merakot bese golem. Se cekaat samo crash bar-ovi.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3263 на: 28 Март 2024, 20:36:59 pm »
Со здравје да си го возиш, моќно изгледа. Многу километри без проблеми да му свртиш.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3264 на: 28 Март 2024, 20:50:17 pm »
Со здравје да се вози :).
 
Јас во некоја си блиска иднина се надевам дека ќе земам Honda crf300 rally,  и тоа би ми био максимумиот за adventure bike за како шо сакам да се пикам од асвалт по терени оти можам да го наместам на тркала ако ми падни некаде.
Освен ако не креваш 300 кила на дедлифт овие ваквите  стварно не знам како би ги кренал ако паднеш некаде, а ако возиш кај шо не е асвалт нормално дека ќе навалиш кога тогаш. Ако си сам некаде , ќе чекаш милостиње со денови да помини некој да клај некоја рака, ако сака :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3265 на: 28 Март 2024, 20:52:51 pm »
Со здравје да се вози :).
 
Јас во некоја си блиска иднина се надевам дека ќе земам Honda crf300 rally,  и тоа би ми био максимумиот за adventure bike за како шо сакам да се пикам од асвалт по терени оти можам да го наместам на тркала ако ми падни некаде.
Освен ако не креваш 300 кила на дедлифт овие ваквите  стварно не знам како би ги кренал ако паднеш некаде, а ако возиш кај шо не е асвалт нормално дека ќе навалиш кога тогаш. Ако си сам некаде , ќе чекаш милостиње со денови да помини некој да клај некоја рака, ако сака :D
https://youtu.be/dw05_6nZqAA

Ако може момичево...

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3266 на: 28 Март 2024, 21:00:50 pm »
Со здравје да се возит :) Многу издржливи испаднаа Benelii, и 502 и 702 ги отепаа од туринг возење, мака немаат.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3267 на: 28 Март 2024, 21:02:05 pm »
@Ordevski Ќе го крени во некоја идеална позиција наместен, ами ако си на инаква угорница, ами ако е кал плус натоварен со куфери итн, остај шо утерусот сосе кичма му излезе дур да го крени,. Не е за еден ден кичмата, цел живот треба да го креваш, или цела турнеја ако одиш на долго некаде. :) Ова индивидуално зборам, јас не би ја фрлал кичмата, затоа и пишав до кај ми држи газот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3268 на: 28 Март 2024, 21:30:23 pm »
Benelli Trk 702x e eden od polesnite vo klasata 200kg i ne e za offroad, turing motor e i eventualno za evropskite selski kulturni ubavi ramni tamponirani patcinja... :)

kaj nas cim zavrsi asfalt imame po-ekstrem offroad tereni :) crf 300kite se 165kg i se za offroadot vo red, isto i za asfalt do 110km/cas raat se vozi...
@vladic3110 dali ke stavas kres barovi, koj ti e planot za offroad poveke ili?

sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3269 на: 28 Март 2024, 21:55:07 pm »
@RedEco Тоа да земам еднаш прво, па ќе има креш барови сигурно :) Порано цело време имав на располагање кинезарија една квинџа quinqi qm200gy, едно 15се пати го имав качено Битола на Големо Езеро Пелистер без никаков проблем, неколку пати и со патник, кој стигна го возеше кај стигна, како за кинeз нема поиздржлив мотор за малтретирање без да го жалиш, е сеа му фалеше снага за на пат. Crf 300 rally имав шанса да пробам два пати и сватив дека ми е повеќе од доволно и за  offroad  и за асвалт. Да сјачам кичмата уште малце па ке ја думам за мотор пак.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html