Очигледно треба да се внимава од каде се купува. Сите ветуваат брзо средување на документите и брза регистрација, но реалноста очигледно е друга. Со нови возила немам искуство, но пред две години увезов кола од странство којашто долги години беше моја сопственост додека живеев таму. Целата процедура со царината ја завршив за еден ден, а документите за хомологација беа готови за три дена. Затоа и ми е чудно како може за нов скутер, и после скоро две недели, да немаат никаков одговор. Како и да е, имајќи предвид каде живееме, ќе почекам уште малку, а ако не, ќе мислам што да преземам.