@Carpathian Lord не сум стасал со слободно време да и посветам една фото сесија. Ставив некоја слика наназад некоја страница и тоа е.
Вчера прв пат возев подолга релација (Струмица - Скопје) и земено во обзир дека една недела е кај мене колата и имам свртено 500км можам да кажам некој збор што ми се допаѓа и не ми се допаѓа засега (Голф си е Голф ама да бидеме објективни малку):
Ми се допаѓа:
1. Возењето е удобно за една спортска кола и не заморува на подолга релација
2. Се чуствува осетна разлика помеѓу различни модови на возење
3. Ептен е тивко во кабина, само на брат ми
@Lhasa Green се слуша малку тројката внатре
4. Земено во обзир дека претежно возев културно и само еднаш ја стиснав до 180 км/ч со пуштена клима потрошувачката беше 6л на 100км
Не ми се допаѓа:
1. Keyless Access, му треба некогаш време да го детектира клучот и да ги подигне функциите на екран
2. Синоќа заврна малку колку да прави беља но Potenza-та ептен лошо држи на мокра подлога
3. Ептен треба да се сконцентрираш да го слушнеш моторот внатре на високи обртаи (јес дека е убаво тивко внатре ама кога ја тераш над 5500 барем да осетиш и како брчат)
Кога ќе земеш у обзир дека ништо нема совршено и дека има повеќе работи што ти се допаѓаат на колата, ова од негативната листа го занемаруваш и се прилагодуваш.