Автор Тема: VW Golf MK7 GTI facelift  (Прочитано 80964 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #180 на: 29 Август 2017, 11:11:47 am »
@Carpathian Lord не сум стасал со слободно време да и посветам една фото сесија. Ставив некоја слика наназад некоја страница и тоа е.

Вчера прв пат возев подолга релација (Струмица - Скопје) и земено во обзир дека една недела е кај мене колата и имам свртено 500км можам да кажам некој збор што ми се допаѓа и не ми се допаѓа засега (Голф си е Голф ама да бидеме објективни малку):

Ми се допаѓа:

1. Возењето е удобно за една спортска кола и не заморува на подолга релација
2. Се чуствува осетна разлика помеѓу различни модови на возење
3. Ептен е тивко во кабина, само на брат ми @Lhasa Green се слуша малку тројката внатре  ;D
4. Земено во обзир дека претежно возев културно и само еднаш ја стиснав до 180 км/ч со пуштена клима потрошувачката беше 6л на 100км

Не ми се допаѓа:

1. Keyless Access, му треба некогаш време да го детектира клучот и да ги подигне функциите на екран
2. Синоќа заврна малку колку да прави беља но Potenza-та ептен лошо држи на мокра подлога
3. Ептен треба да се сконцентрираш да го слушнеш моторот внатре на високи обртаи (јес дека е убаво тивко внатре ама кога ја тераш над 5500 барем да осетиш и како брчат)

Кога ќе земеш у обзир дека ништо нема совршено и дека има повеќе работи што ти се допаѓаат на колата, ова од негативната листа го занемаруваш и се прилагодуваш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #181 на: 29 Август 2017, 11:27:35 am »
Во упаството пишува првите 1000-1500км да не ја возиш над 2/3 од макс. дозволени обртаи (4000 во овој случај), да не ја возиш со гас до под и да не влечеш приколка. Стрпи се малце :) Иначе ДЦЦ е светска работа, кој пробал знае.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #182 на: 29 Август 2017, 11:41:23 am »
@vlatko.klp 3700 на 180 беше така да ок сум иако од салон ми рекоа немам гајле можам да ја стискам.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #183 на: 29 Август 2017, 12:16:31 pm »
Абе и мене ми рекоа нема гајле ама повеќе верувам на тие што ја произведуваат колата и што е напишано во упаство отколку некој лаик од салон. На форумов има пуно ликови кои што слободно може да се каже дека се по-компетентни да работат во салон за продажба.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #184 на: 29 Август 2017, 12:29:54 pm »
Со здравје да си ја тркалаш по улициве ни наши :)
Одлично, поготово тоа телевизорот на инструмент таблата. Перверзија :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #185 на: 29 Август 2017, 12:50:03 pm »
2. Синоќа заврна малку колку да прави беља но Potenza-та ептен лошо држи на мокра подлога

Чекај, чекај - Bridgestone Potenza S001?

Тие мене ми држеа на вода нивоа подобро од Michelin Pilot Sport 4.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #186 на: 29 Август 2017, 13:12:59 pm »
@InSides да, мене ме фрли настрана малку а возев со 20 на саат. Дали дека прашината на патот со вода па прави лизгава површина ама ептен се осети.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #187 на: 29 Август 2017, 13:31:03 pm »
^ да не не биле загреани. Спортските варијанти на гуми си бараат некој километар повеќе триење за да постигнат работна температура

...
4. Земено во обзир дека претежно возев културно и само еднаш ја стиснав до 180 км/ч со пуштена клима потрошувачката беше 6л на 100км
...

ја ти пишав понапред дека ТДИ ти увалиле ти мислиш те ребрам ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #188 на: 29 Август 2017, 13:39:34 pm »
Хахахаха @marjanot абе ГТД е, само побарав да сменат во ГТИ да лажам народот. Инаку ова ми се случи синоќа само што стасав од Струмица на влез во Скопје на семафори, така да гумите беа доволно загреани. Пак ќе кажам прљави ни се улиците и малку да зароси ги прави лизгави, знам дека секој авечер се перат па затоа ми стана чудно, дали е до тоа или гумите лошо држат.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #189 на: 29 Август 2017, 13:41:49 pm »
Таму на влез ми е секогаш шашаво, затоа што баш на семафорите има бразди на асфалтот. Плус кога е мокро/лигаво е многу лизгаво.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #190 на: 29 Август 2017, 13:45:38 pm »
такво пролизгување се случува и од бојата на пешачките премини

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #191 на: 29 Август 2017, 15:08:06 pm »
Јас не познавам улица каде што нема уље прокапано.

Типичен тест е кога ќе падне дожд во Скопје улиците се шарени, со пена, мрсни итн.

Да не збориме колку се лепи од загадениот воздух на самиот асфалт.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #192 на: 29 Август 2017, 15:41:48 pm »
Вчера првпат се возев во седмицата и ја видов во живо колата е страшна, ентериерот поготово ми остави впечаток човек да неможе да му се изнагледа.... па и со тааа дигитална километража па и околу со сите тие модови страшно,надворешниот изглед исто така преубав.....
Колата убаво се движи влече феноменално алиии имам една негативна работа бар мене лично што не ми се допаѓа..... премногу е тивка за спортска кола требале малце да поработат на издувниот систем и кога ќе ја стисне човек колата да се осети оној звук на спортска кола но тоа лесно се решава,али за разлика од сток издув на ауди,мерцедес,форд модели спортски во слична класа со голф гти, многу подобро звучат.
Со здравје да си ја возиш ПРЕКРАСНА КОЛА

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #193 на: 29 Август 2017, 16:01:37 pm »
Дали звукот го слушавте во Normal или Sport режим? Во Sport би требало да произведува повеќе синтетички звук преку звучниците (системот го викаат Soundaktor), и во кабината би требало да звучи подобро (иако звукот е лажен).

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #194 на: 29 Август 2017, 16:16:54 pm »
Афтермаркет издув и решена работа. :)